КАФЕ ПАУЗА

6 совети за како да му помогнете на вашето дете да се справи со токсичните другари

6 совети за како да му помогнете на вашето дете да се справи со токсичните другари

Се чини дека еден од најголемите стравови на родителите во денешно време е нивното дете да биде „контролирано“ од страна на неговите токсични пријатели. Ако постои таков случај, нема да биде чудно тоа што детето честопати хистерично плаче во својата соба, се повлекува од своите најблиски и одбива да им каже на родителите за што се работи, од страв дека нема да го разберат.rnrn6 совети за како да му помогнете на вашето дете да се справи со токсичните другариrnrnСепак, кога „токсичниот“ пријател ќе му возврати на вашето дете со наклонетост, тогаш се чини дека работите се враќаат во нормала. Таквите чести промени во расположението доведуваат до нарушување на менталното здравје на вашето дете. Прочитајте ги нашите совети за како да се справите со овој проблем.rn

1. Слушајте со срцето, а не со разумот

rnВоздржете се од тоа да го советувате детето што да прави и наместо тоа сочувствувајте со него. На тој начин ќе му оставите до знаење дека го разбирате, а детето ќе се чувствува помалку осамено.rn

2. Поставувајте прашања од отворен тип

rnОбидете се да го натерате детето да зборува. Вашата емпатија ќе го омекне одбранбениот штит на детето и тоа лека-полека ќе почне да ги споделува своите чувства со вас. Поставете му прашања од типот: „Што е тоа што те прави да се чувствуваш така?“ Кога детето ќе се отвори пред вас, обидете се да сочувствувате со него. „Да, во право си. И јас би се чувствувал/а навредено. Тоа што ти се случи не е во ред.“rn

3. Стекнете ја довербата на вашето дете

rnОставете му до знаење на детето дека нема да одите на училиште за да се справите со другиот родител доколку тоа не сака. Најважно е да ја одржите довербата во вашиот однос. Во посериозни случаи на малтретирање, можеби ќе биде подобро да му објасните на детето зошто треба да разговарате со неговиот наставник.rn

4. Обидете се да му го посочите на детето безобѕирното однесување на неговиот токсичен другар

rnПрашајте го детето: „Дали ти би му го направил тоа некому?“ На тој начин ќе му покажете на детето дека не е проблемот во него туку во другарот.rn

5. Бидете трпеливи

rnНа детето ќе му треба време да сфати колку е штетно за него тоа другарство бидејќи вината ја бара во себе. Бидете секогаш трпеливи и отворени за разговор.rn

6. Помогнете му на детето да се држи на дистанца од токсичниот другар

rnОхрабрете го вашето дете да почне да се дружи со друг круг на пријатели, на пример со децата од соседното маало и на тој начин да гради здрави, пријателски врски. Тоа ќе му помогне на детето да се стекне со самодоверба и полесно да се справи со траумите од токсичното другарство.rnrnОткако прочитавте како да му помогнете на детето да се справи со токсичните пријатели, можеби ќе сакате да прочитате и зошто децата врескаат и како да се справите со тоа.rnrnИзвор: themindsjournal.com