КАФЕ ПАУЗА

6 причини зошто треба да им давате домашни обврски на вашите деца

6 причини зошто треба да им давате домашни обврски на вашите деца

Имаме добри вести за сите родители: Најновите истражувања покажале дека децата кои помагаат околу домашните обврски можат да извлечат многу придобивки од тоа. Доколку се двоумите дали треба да му кажете на вашето дете да ги измие садовите или да избрише прашина, ова се 6-те причини кои ќе ве убедат да го натерате да ви помага по дома…rnrn6 причини зошто треба да им давате домашни обврски на вашите децаrn

1. Ќе станат поуспешни

rnРезултатите од најновите истражувања покажале дека децата кои ги извршувале домашните обврски постигнале поголем успех во животот кога пораснале. Тоа е така затоа што научиле како да преземаат одговорност. Најдобри резултати покажале децата кои почнале да помагаат по дома на 3 и 4-годишна возраст. Испитаниците кои почнале да помагаат кога биле постари, на 15 или 16 години, не го доживеале истиот успех. Почнете со тоа што ќе побарате од вашето дете да си ги собере играчките и потоа преминете на потешки задачи, како на пример чистење на дворот.rn

2. Ќе бидат посреќни кога ќе пораснат

rnТешко е да се поверува дека домашните обврски би ги направиле децата среќни, но според истражувањето на Универзитетот Харвард, тоа е навистина така. Истражувачите анализирале 456 испитаници и дознале дека децата кои работеле во детството имале подобро ментално здравје кога станале возрасни. Имајте го ова на ум кога вашиот тинејџер ќе почне да негодува поради звукот на правосмукалката.rn

3. Ќе научат како да си го организираат времето

rnАко вашето дете има многу за учење и треба да оди на некој роденден, можеби ќе сакате да го поштедите од домашните обврски. Но, ескпертите советуваат да не го направите тоа. Вистинскиот живот ќе ги бара сите овие работи од него. Кога ќе порасне, вашиот син или ќерка ќе мораат да работат, да се грижат за домот и да се социјализираат. Доколку ги стекнат овие навики од мали нозе, нема да имаат проблем кога ќе пораснат.rnrn6 причини зошто треба да им давате домашни обврски на вашите децаrn

4. Ќе имаат подобри врски со луѓето

rnДецата кои помагале по дома на рана возраст оствариле подобри односи со семејството и пријателите кога пораснале. Ова е така, затоа што домашните обврски им го покажуваат значењето на тимската работа и меѓусебното помагање што ја зголемува нивната емпатија. Колку поголема емпатија толку поквалитетни врски.rn

5. Ќе знаат како да управуваат со парите

rnАко децата знаат дека не смеат да си играат со другарчињата или да гледаат телевиција додека не ги завршат домашните обврски, ќе научат како да бидат дисциплинирани и ќе развијат чувство на самоконтрола. Тоа ќе им помогне правилно да ги трошат парите и повеќе да заштедуваат.rn

6. Ќе стекнат значајни вештини

rnТука не мислиме на тоа дека ќе научат како да чистат со џогер или да косат трева. На овој начин, тие ќе имаат можност да видат како функционираат хемиските закони преку готвењето или ќе научат повеќе за биологијата ако одблизу ги набљудуваат лисјата и дрвјата во градината. Освен тоа, тие ќе научат да бидат трпеливи, упорни и трудољубиви што се многу важни карактерни особини.rnrnНареден пат кога децата ќе се пожалат поради тоа што им давате домашни обврски, само изнесете им некој од овие аргументи и објаснете им дека го правите сето тоа за нивно добро. Со текот на времето ќе ве разберат и самите ќе почнат да ја нудат нивната помош.rnrnНе сте убедени? Прочитајте зошто децата чии родители ги тераат да помагаат по дома се поуспешни.