Во корените на воената историја, маслинесто зелената боја е една од безвремените и поразлични бои во нашиот гардеробер. Низ текот на годините преку разни толкувања во модната индустрија, војничката боја се задржа како иконска нијанса, која можете да ја носите, тогаш кога сакате да се чувствувате приземно, лежерно и кул. Дознајте во продолжение кои се свежите нови начини на кои можете да ја носите ова боја.rnrn
rn
1. Одлучете се за монохроматско
rnДа изберете монохроматски начин за да ја носите оваа боја е еден од најновите трендови. Направете да изгледате женствено како Мајка Џианели, со тоа што ќе изберете краток топ и здолниште со висок струк кое ќе биде прилепено на вашето тело. Доколку сакате да постигнете урбан изглед, тогаш слободно копирајте го изгледот на Анабела Флор, со тоа што ќе се определите да облечете маслинесто зелен фустан со ролка, елек и чизми над колена. Со ова вашиот уличен стил ќе изгледа одлично. На овој начин, ќе имате можност да учествувате во овој војнички тренд, додека останувате верни на вашиот женствен стил.rnrn
rn
2. Додајте женски пресврт на маслинесто зелената боја со тоа што ќе внесете трага од розова или црвена боја
rnОва можеби ќе ве изненади, но ќе можете да „работите“ со маслинесто зелената боја на ист начин како и со црната. Дадете ѝ неочекуван пресврт со тоа што ќе ја споите со женствени нијанси на розова или црвена боја. Исто како модната блогерка Блер Иди, скротете ја вашата црвена комбинација со маслинесто зелен капут. Ако идејата за мешање на боите на овој начин ви е претерана, тогаш обидете се да ставите барем еден детаљ, на пример розова чанта или марама, со вашата маслинесто-зелена комбинација.rnrn
rn
3. Заменете ги вашите сини фармерки со маслинесто зелени пантолони
rnБарате некои нови начини за да го освежите вашиот лежерен изглед? Заменете ги вашите морнарско сини фармерки со маслинесто зелени пантолони, за да создадете една напната вибрација, без да прибегнете кон кожните елементи. Исто како Кристина Бејзан, можете да ги носите вашите маслинесто зелени пантолони со црн топ, а целата комбинација да ја зачинете со црни чизми до глуждот и соодветна чанта. На овој начин ќе го направите вашиот лежерен, уличен стил да изгледа класично и модерно.rnrn
rnrnПреминете на следната страница за останатите модни предлози…rn