Сигурно мислите дека е премногу рано за да разговараме за пролетните трендови, но се лажете, бидејќи модата е секогаш да бидете барем еден чекор пред актуелната сезона. Токму затоа и сите модерни девојки веќе ги подготвуваат своите омилени модни комбинации за убавото време. Ако сакате и вие да бидете подготвени за топлите пролетни зраци сонце, ова се шест тренда кои морате да ги знаете, а поголемиот дел од нив можете да ги носите уште сега.rnrn
rn
1. Темен тексас
rnКога ќе пристигне пролетта скоро сите облекуваат силни и светли бои, но тоа нема да биде случајот и со фармерките. Во новата сезона ќе се носат темни нијанси, па дури и во црна боја.rnrn
rn
2. Ориентален принт
rnНајпопуларниот пролетен принт добива ориентална трансформација и оваа сезона ќе се носат цветни парчиња облека инспирирани од Блискиот Исток.rnrn
rn
3. Сатен
rnНежната ткаенина ќе доминира во сезоната која ни следува, а најдобро изгледа на женствените фустани и софистицираните блузи.rnrn
rn
4. Откачени мантили
rnКласичните мантили во новата сезона малку ќе „откачат“ и ќе бидат украсени со карнери и други интересни и невообичаени детали.rnrn
rn
5. Нагласени рамена
rnТренд од осумдесеттите на чие враќање никој не се надевал повторно ги враќа во мода нагласените рамена. Но, ако не сте љубител на сако со перничиња, ќе бидат во тренд и со блуза која има малку поголеми ракави.rnrn
rn
6. Пастелни нијанси
rnНа бебешко розовата оваа пролет ѝ се придружуваат и сите останати пастелни нијанси, а најпопуларна ќе биде виолетовата, која е најавена како хит боја за 2018-та година.rnrn