Нема потреба да ги убедувате љубителите на зелената боја во нејзината единственост и разновидност. Зелената е симбол на природата, на нејзино обновување и растење, а исто така е познато дека глетката на зелените нијанси создава чувство на смиреност. Меѓутоа, жените се плашат да ја носат зелената боја, пред сè, затоа што сметаат дека избраната нијанса нема да одговара на бојата на нивната кожа или веруваат дека е тешко да се комбинира. Сепак, нема причина да се плашите затоа што зелената боја воопшто не е тешка за комбинирање, а подолу ќе откриете кои бои најдобро одговараат со неа.rn
1. Бела
rn
rnrnАко не знаете од каде да започнете, започнете со белата боја. Таа е непогрешлива и одговара на сите бои во спектарот, вклучувајќи ја и зелената боја, без оглед на нијансата.rn
2. Беж
rn
rnrnАко белата боја не е соодветен избор, а сепак ви треба некоја неутрална боја, изберете беж нијанса.rn
3. Темносина
rn
rnrnПокрај црната, и темносината боја е кралица на темните неутрални нијанси. Совршено се комбинира со речиси сите нијанси на зелена боја.rn
4. Розова
rn
rnrnОва е комбинација создадена само за најсмелите модни играчи.rn
5. Виолетова
rn
rnrnЗелената и виолетовата се контрастни бои, но совршено се совпаѓаат.rn
6. Жолта
rn
rnrnСекоја боја е посебна сама по себе, а кога се во комбинација, формираат непобедливо и смело модно дуо.rnrnПогледнете ги овие 6 предлози како да го носите сакото.
