Иако голем број врски се раскинуваат поради големи проблеми, како неверство и слично, сепак не е за занемарување ниту бројот на врски кои се раскинуваат поради невнимание и ситници. Ситниците и тоа како можат да ја расипат врската. Кога ќе се наталожат многу ситници доаѓа до чести несогласувања кои потоа тешко се решаваат. Доколку сакате да си го зацврстите односот со вашиот партнер, поработете на следниве работи.rnrn
rn
Недостаток на внимание
rnКога на партнерот не му посветувате доволно внимание, оставате впечаток дека не сте заинтересирани. Одредено време, партнерот ќе го толерира ваквото однесување, но многу е веројатно со тек на време да почне идентично да се однесува, со што односите ќе ви се заладат.rn
Работи од минатото
rnВраќањето на проблеми од минатото може да доведе до намалување на блискоста. Секоја следна кавга влече спомени од претходната, што значи двојна опасност за вашиот однос. Решавајте ги проблемите навреме и докрај, за да ја избегнете оваа опасност.rn
Наметнување правила
rnНа почетокот секој партнер попушта, верувајќи дека работите со тек на време ќе омекнат. Но, кога ќе сфати дека од промените нема ништо, почнува да полудува. Некогаш вашиот партнер ќе биде во право, некогаш вие. Што побрзо го прифатите тоа дека не може еден од вас постојано да е во право, толку подобро. Компромисот е најдобро решение, па потрудете се да го најдете навреме.rn
Упаѓање во збор
rnИако често за ова никој нема лоша намера, оваа навика и тоа како знае да го фрустрира другиот партнер, особено доколку често се случува пред други луѓе. Дури и доколку не се согласувате со тоа што го збори другиот, оставете му на партнерот да доврши. Покрај тоа што е непристојно, оставате впечаток дека неговото мислење не е важно.rn
Физичко запуштање
rnСекоја добра врска има своја магија, но при уживањето во неа припазете да не западнете во рутина, која често знае да депримира. Грижете се еден за друг, заведувајте се и покажете дека сè уште имате мотив да се трудите за партнерот. Не сакате да станете само пријател или цимер со вашиот партнер нели?rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.