5 начини да носите тексас фустан оваа есен

Сподели

Речиси сите девојки сакаат тексас и сакаат фустани, па со комбинацијата од двете нема промашување. Но, како е најдобро да го носите тексас фустанот? Доколку ви е потребна инспирација, погледнете ги идеите во продолжение.rn

Реклама

1. Со палто со принт со леопард и чевли со ниски потпетици

rnПринтот со леопард е принт на сезоната, а воедно изгледа одлично во комбинација со тексас. На нозете можете да облечете чевли со пониски потпетици или обични балетанки.rn

2. Со џемпер со риги и темни хулахопки

rnАко имате сличен модел на фустан, еве ви причина зошто да инвестирате во џемпер со риги. Иако тој изгледа одлично со фармерки, комбинацијата со тексас фустан е незаменлива.rn

3. Со јакна и чизми до глужд

rnБидејќи тексасот е неутрален, можете слободно да ги нагласите другите делови од облеката. Чизмите во јака боја и кратката јакна изгледаат неверојатно со тексас фустан. Покрај тоа, овие јакни прават да изгледате повисоко.rn

4. Со чизми над колена и мала чанта

rnДоколку сакате нешто похрабро, комбинирајте го тексас фустанот со чизми над колена. Ова докажува дека тексас фустаните не се само за дневна комбинација.rn

5. Со тексас палто и влечки

rnОваа комбинација докажува дека тексасот одлично стои со тексас. Ременот е одличен начин да ја истакнете вашата половина и го надополнува целиот изглед.

Погледнете ги и есенските парчиња облека што веќе го преплавија Инстаграм.

Најново

Може ќе ве интересира