Бракот е романтичен, но тоа не единствениот начин да си ги потврдите меѓусебните чувства со партнерот. За да ги покажете сериозно своите намери и да го зацврстите вашиот однос, тоа можете да го постигнете и без сите тие формалности.rnrn
rnrnЕве неколку креативни начини да ги прославите вашите чувства еден кон друг:rn
1. Напишете заклетви
rnРазмената на заклетви е романтичен ритуал, бидејќи иако вашиот партнер знае дека ви значи, сепак ќе биде среќен доколку повторно го слушне тоа. Веројатно сте виделе многу сцени во филмовите каде што младенците меѓусебно си ветуваат разни нешта пред венчавката. Оваа традиција е дефинитивно вредна за присвојување, а за да ја спроведете не е потребно формално да стапите во брак. Одберете некој период со вашиот партнер во кој ќе си ги дадете своите ветувања и нека секој од вас напише колку му значи вашата врска.rnrnСодржината на заклетвата може да биде што било, а обично тоа е говор во кој станува збор за тоа колку ви е важен партнерот проследено со неколку ветувања. Заклетвите можете да си ги прочитате еден на друг додека се наоѓате во некое романтично опкружување, или пак тоа да го направите на мала церемонија на која ќе присуствуваат вашите пријатели. Задолжително прочитајте ги заклетвите еден на друг гласно, а подоцна сочувајте ги за да можете секогаш да се присетувате на овој момент.rnrn
rn
2. Организирајте забава
rnНе мора да разменувате прстени или да потпишувате службени документи за да направите забава. Годишнината од врската или фактот што меѓусебно се сакате е доволен повод за добра забава. Испланирајте ги деталите за забавата и поделете им покани на пријателите и семејството. Постојат многу начини забавата да ја направите со романтична тематика – вклучете декорации со ваши заеднички фотографии, воведете слатки ритуали (размена на заклетви), организирајте специјални изненадувања и слично.rnrn
rn
3. Направете фотосесија
rnДоколку сте еден од оние парови кои имаат мал број заеднички фотографии, романтичната фотосесија ќе ви биде важна пресвртница и еден начин на кој ќе го одржите во сеќавање овој среќен момент. Замислете дека овој датум е посебен за вас и уживајте. Можете да направите фотографии на местото каде што сте се запознале или пак некаде каде што ви се случил некој важен настан. Дури можете да изберете некое сензуално искуство и да направите фотосесија за тоа.rnrn
rn
4. Заминете директно на меден месец
rnСекое патување може да се претвори во меден месец доколку патувате заедно со вашиот партнер и имате одлично расположение. Позајмете уште една славна традицијата од брачните парови – поминете една недела на некое егзотично место. Романтичниот одмор е добар начин за чувствата одново да се разбудат. Заедно стекнувате впечатоци и емоции, а работата, пријателите и проблемите остануваат далеку и ништо не ви пречи. Доколку немате прилика да отпатувате на море, пронајдете место според вашите можности. Викенд во спа хотел може да биде добра алтернатива за патување, доколку не можете да си дозволите повеќе.rnrn
rn
5. Направете тетоважи
rnЗа да ја овековечите вашата љубов, постои уште поинтимен процес од размената на прстени, а тоа е правењето заеднички тетоважи. Но, имајте на ум дека ова е многу потрајна опција од прстените, од која не би можеле лесно да се ослободите. Доколку вие и вашиот партнер сте сигурни во вашата љубов, сакате ја овековечите и имате позитивен став кон тетоважите, тогаш ова е вистинскиот начин за вас. Само внимателно размислете на кое место ќе биде цртежот и како ќе изгледа. Тетоважата не мора да биде ништо персонално како име или портрет на саканата личност. Постојат многу идеи за покажување на љубовното единство, како на пример тетоважи кои прават една слика кога ќе се соединат.rnrn
rnrnПогледнете ги и овие романтични начини на кои жените им покажуваат на своите мажи дека ги сакаат.