Децата се брилијантни поради нивната едноставност. Тие можеби не знаат многу за светот, но на некој начин, токму тоа им дава огромна сила и енергија. Растењето ни ги проширува видиците кон светот, но постојат некои основни и навистина здрави вредности кои ги забораваме како што одминуваат годините. Еве неколку од нив:rn
Не чувствување страв
rnРодени сме со страв од само две работи: страв од паѓање и страв од гласни звуци. Сите други видови страв се вгнездуваат во нас со текот на годините, како резултат на влијанијата од луѓето со кои растеме. Некои од овие стравови се разумни и неопходни за опстанок во модерната ера, како што е на пример стравот да не нè удри автомобил. Но, некои други стравови се непотребни и лутаат низ нашата потсвест само со цел да не спречат да бидеме она што можеме да бидеме. Замислете се за момент и сфатете кои стравови кои ги чувствувате ве заштитуваат, а кои се ирационални, му штетат на вашето ментално здравје и го кочат вашиот напредок и успех.rnrn
rn
Никакви социјални ограничувања
rnИ покрај тоа што на децата постојано им се вели да не зборуваат со туѓинци, тие немаат проблем да му дофрлат по некој збор на човек што ќе го сретнат на улица. Можеби за малите деца ова претставува добар совет, со цел тие да бидат заштитени од евентуални злобни луѓе, но оние повозрасните, треба да ја заборават оваа реченица. Може да се случи, токму тој туѓинец на кој сте му се обратиле денес, да биде прекрасна и интересна личност, каква што отсекогаш сте сакале да сретнете. Плус, што претставуваат пријателите, ако не странци, пред да станат ваши пријатели? Кој знае кого можете да запознаете или што можете да научите преку започнување краток разговор со некој непознат?rnrn
rn
Бескрајна љубопитност за учење нешто ново
rnКога сме деца, многу активности ни се интересни да ги правиме со часови и часови. Си игравме со лего коцки, криенка, народна, камај, скокање на ластик и уште безброј други игри кои не правеа бескрајно задоволни на крајот од денот. Каде исчезнува сета таа радост кога ќе пораснеме?rnrn
rnrnВозрасните едвај можат да издржат да изгледаат едно исто ТВ шоу кое трае 30 минути, без да свртат на другите канали да проверат што има таму. Присетете се на моментите од вашето детство и размислете што ве правеше среќни тогаш. Обидете се да го погледнете светот низ поинаква призма и пронајдете ја убавината во малите нешта. Анализирајте ја природата околу вас, архитектонските градби, уметничките творби или она што ве инспирира вас како личност. Ако можете да ја видите убавината во формите на облаците или во чудната кора на стеблото на дрвјата, можете да ја аплицирате истата перспектива кон побитни и пофантастични нешта во животот.rnrn
rn
Безусловна љубов
rnДецата немаат предрасуди кога станува збор за љубовта. Ако му се насмевнете на детенце, тоа веднаш ќе ви возврати огромна насмевка назад, без никаква посебна причина, туку само затоа што сте присутни до него во моментот. Децата не ги сакаат луѓето бидејќи очекуваат нешто за возврат, туку зошто ја чувствуваат љубовта во нивните чисти срценца. Ваквите чувства е тешко да ги имате кога сте возрасни, но зошто да не се обидете да најдете начин да ги сакате и оние луѓе кои не ви се баш омилени? Можеби ќе се изненадите од резултатите. Што ви е поинтересно, да се смеете или да бидете намуртени, да се тепате или да гушнете некого? Ја сфативте поентата нели?rnrn
rn
Сосема е во ред да си играте
rnВо ред е понекогаш да се однесувате детски. Одредената возраст која ја имате не значи дека треба да се однесувате согласно годините во секој момент. Зрелоста понекогаш е преценета. Животот не треба да се сфаќа толку сериозно. Не заборавајте дека на планетава сме сите привремено и еден ден сите ќе исчезнеме во воздухот. Дозволено ви е понекогаш да се однесувате како малечко дете и да се забавувате уживајќи во моментот.rnrn
rnrnШто мислите, кои други лекции можеме да ги научиме од најмладите?rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
