Доколку се одлучите овие денови да започнете со задолжителниот есенски шопинг, тогаш погледнете кои 5 дневни парчиња треба да ги имате на ум, бидејќи тие се клучни при есенското купување гардероба и обувки.
rn
1. Чизми
rnИ оваа есенска сезона, едно од дневните парчиња кои мора да ги имате на ум кога одите во есенски шопинг се токму чизмите. Во продавниците може да пронајдете различни модели на ова неизоставно дневно парче во колекцијата на секоја жена, па нема да погрешите ако се одлучите за вистинска кожа, превртена кожа, модел со реси, плитки или длабоки чизми.
rn
2. Капут
rnСтилскиот капут може на вистински начин да ја надополни секоја ваша дневна комбинација, па на неговиот избор секогаш треба да посветите големо внимание. Оваа сезона, како и секоја досега, ќе бидат подеднакво атрактивни кратките и долги капути, со различни варијанти на закопчување, но и во различни впечатливи бои и принтови.
rn
3. Кожа
rnДневните парчиња изработени од кожа оваа есен се задолжителни, а како и секогаш, на вашата листа може да се најдат стилските кожни јакни, но и кожни панталони, здолништа, како и блузи изработени од кожа.
rn
4. Впечатливи џемпери
rnКласичните џемпери се секогаш добредојдени во есенскиот период, но оваа есен обрнете внимание на џемперите кои на себе содржат впечатливи детали и кои по малку се нетипични во однос на оние кои веќе сме навикнале да ги носиме. Можете да ги комбинирате си други дневни парчиња, а притоа секогаш да изгледате различно и стилски.
rn
5. Чанти за секој ден
rnОваа есен немојте да носите гламурозни чанти и торби, бидејќи вистински тренд во модниот свет се оние модели кои можат да се носат преку рамената, а кои претставуваат стилска варијанта подеднакво како класичните дамски чанти. Освен што се вклопуваат во секоја дневна комбинација, овие чанти се и многу практични, па имајте ги на ум кога ќе започнете со есенскиот шопинг.

