Ах, бакнежи! Кој не сака да се бакнува? Чувството на нејзините или неготвите усни на вашите усни, вратот, увото…rnrnБакнежот може да биде валкан или невин и може да трае од секунда до неколку стотици секунди. Начинот како да се бакнувате е универзален чин на искажување љубов кој скоро секој го практикува.rnrnНо, какви бакнежи им се допаѓаат најмногу на мажите? Дали сакаат обичен или пак бакнеж кој трае подолго? Дали се за брз бакнеж во образот?rnrn
rnrnЕве ги 4 видови бакнежи што најмногу им се допаѓаат на мажите:rn
1. Бакнеж на усните
rnОвој вид на бакнеж е најчест и вклучува нежно допирање на усните на партнерите.rnrnДа бидеме искрени: бакнежот со усни е најдобар. Тоа е најкласичниот бакнеж кој е едноставен и најмногу се практикува.rnrnМногу мажи уживаат во нежни бакнежи во кои едвај постои допирање на усните. На некои мажи им се допаѓа кога тие се подолги и кога се вовед во понатамошната „игра“.rn
2. Стастен бакнеж
rnОвој бакнеж се практикува додека водите љубов.rnrnВаквите бакнежи уште повеќе ја разгоруваат страста помеѓу партнерите и доведуваат до поголемо уживање.rn
3. Едноставен бакнеж
rnЕдноставниот бакнеж не е ништо специфично, бидејќи претставува брзо допирање на усните, образот, носот…rnrnМажите ги сакаат овие бакнежи затоа што тие се наједноставниот начин да му посветите внимание на партнерот и покрај вашата зафатеност со други активности.rn
4. Француски бакнеж
rnБакнежи во кој се вклучува и јазикот е класичниот француски бакнеж.rnrnСекој добар француски бакнеж е интимен чин. Очите ви се затворени, главите навалени, телата припиени едно до друго, вилиците се отворени, а јазикот е во „акција“. Мажите велат дека постои голема магија во добриот француски бакнеж.rnrnМожеби сакате да прочитате и за 12-те типови бакнежи кои можат да ви ги откријат чувствата на вашиот партнер.