Кога на часовникот одекнува полноќ, на Новата година ѝ посакуваме добредојде со чаша шампањ, односно пенливо вино. А потоа, забораваме на него сè до наредната Нова година. Шампањското крие неколку предности за здравјето, па нека една од вашите новогодишни одлуки биде што почесто да се засладувате со чаша од овој вкусен пијалак.rnrn
rn
1. Помага за здравјето на срцето
rnШампањот е богат со растителни соединенија како што е полифенолот – силен антиоксиданс што го намалува крвниот притисок. Токму ова може да биде фактор кој ја намалува можноста за појава на срцеви заболувања.rn
2. Ја разубавува кожата
rnЈаглеродниот диоксид во шампањот ја прави кожата поцврста, а веќе спомнатите полифеноли го намалуваат црвенилото. Направете смирувачка купка од 230 милилитри млеко во прав, 100 грама морска сол за капење, 230 милилитри каков било шампањ и една лажичка загреан мед. Промешајте го сето ова, а потоа сипете го во кадата додека ја полните со вода. Кога ќе се наполни кадата, за дополнително уживање, посипете неколку ливчиња од ружа. Ова делува како природен омекнувач кој ја хидратизира и ѝ дава тон на кожата.rn
3. Го поправа расположението
rnШампањот содржи траги од природни елементи кои го подобруваат расположението, секако, ако го пиете во умерени количини. За да го засилите неговото позитивно влијание, пијте го покрај оброк со риба. Вкусот на меурчињата совршено се надополнуваат со морската храна, а рибата која е богата со омега 3 маснотии, како што е лососот и скушата, се доста здрави и со самото тоа го подобруваат расположението.rn
4. Не дебелее
rnВо еден децилитар шампањ се кријат осумдесет калории што го прави еден од алкохолните пијалаци со најмалку калории, па така и наздравувањето со шампањ е здраво.