4 докази дека добрите девојки сепак ги добиваат добрите момци

Сподели

Повеќето сметаат дека добрите момчиња ги привлекуваат лоши девојки, но вистината е дека тоа не е секогаш така. Погледнете ги овие причини кои ќе ви покажат дека не би требало да се преправате дека сте лоша девојка само за да го привлечете момчето од вашите соништа.

Реклама

rn

1. Момчето кое имате намера да го задржите ќе сака да го третирате добро

rnВашата добрина нема никаква врска со тоа што тој решил да се оддалечи од вас. Ако тој одлучи да си замине затоа што сте го третирале добро, тогаш очигледно е дека не е вистинскиот за вас. Не менувајте се. Бидете онакви какви што сте и ќе привлечете некој што ќе ве сака токму таква девојка – добра и внимателна во љубовта!rn

Реклама

2. Полесно му е да се зборува со вас бидејќи сте повнимателни

rnДа се биде добра и внимателна личност се едни од најважните работи во животот и секој би требало да се стреми кон тоа. Добрите момчиња ги привлекуваат жени кои може да ги ислушаат и на кои можат да го кажат своето мислење. Добрите девојки нема да ги осудуваат пребрзо и најчесто покажуваат разбирање. Зарем му треба нешто повеќе?rn

3. Го препознавате и го цените напорот на другите

rnЧеста причина што добрите момчиња ја прекинуваат нивната врска е тоа што партнерката не ги цени доволно нивните постапки. Тука имаат предност добрите девојки. Кога се со нив, момчињата знаат дека другите се свесни за нивниот напор, при што чувствуваат дека нивните гестови се исплатливи.rn

4. Ги правите работите од срце

rnДобрите девојки прават добри дела без да очекуваат награда или пофалба за тоа. Тие едноставно ги прават работите со големо внимание и љубов. Па, за момчињата ништо не е повозбудливо од тоа кога знаат дека до себе ја имаат девојката која најмногу од сѐ сака да гледа насмевка на нивното лице.

Реклама

Па, наредниот пат кога ќе помислите дека вашата љубезност и добрина биле виновни што пропаднала вашата врска, размислете повторно за тоа со каков вид личност сакате да го поминете остатокот од вашиот живот.

Најново

Може ќе ве интересира