КАФЕ ПАУЗА

3 нешта во кои треба да си одговарате со партнерот за да имате долг и среќен брак

Додека некои научни студии тврдат дека, генерално гледано, луѓето кои се во брак се посреќни од другите, денеска тие сè потешко се решаваат на тој чекор. Еднаш штом се решите на тоа, една од најважните работи во животот станува избегнувањето на разводот. За да не дојде до такви проблеми потребно е добро да си одговарате со партнерот. Но, за жал тешко е да знаете дали можете со личноста со која сте денес во врска да созревате заедно и секогаш во текот на животот да сакате да одите по истиот пат.rnrnБрачните советници Питер Пирсон и Елен Бејдер велат дека најважна состојка за долга љубов е хемијата меѓу партнерите. Таа не е сè, но кога ја нема тешкотиите меѓу нив потешко се надминуваат. Важна е и т.н. социјална хемија, односно тоа како едниот партнер се чувствува додека е во друштво на другиот. Луѓето кои изневеруваат во бракот најчесто го прават тоа токму поради оваа причина – начинот на кој се чувствуваат покрај новата личност.rnrn1-3-neshta-vo-koi-treba-da-si-odgovarate-so-partnerot-za-da-imate-dolg-i-srekjen-brak-www.kafepauza.mk_rnrnПовеќе за тоа „како едниот партнер се чувствува кога е во друштво на другиот“ може да се бара во книгата „Која игра ја играш?“ на психологот Ерик Берн. Таа зборува за трансакционата анализа, односно во овој случај каква е интеракцијата на двајца луѓе кои се во врска. Тој зборува за три основни состојби на егото кои произлегуваат од тоа како личноста ја гледа врската меѓу неа и светот:rn

    rn011

  • родител – тоа што те научиле
  • rn011

  • дете – тоа што си почувствувал
  • rn011

  • возрасен – тоа што си научил
  • rn

rnПирсон вели дека партнерите кои ќе се поврзат преку секој од овие делови најмногу си одговараат и имаат перспектива за многу успешен брак. Тој овој концепт го поедноставува преку неколку прашања:rn

    rn011

  • родител: Дали имате слични ставови и верувања за светот?
  • rn011

  • дете: Дали ви е забавно кога сте заедно? Можете ли да бидете спонтани кога сте со него/неа? Дали ви се допаѓа како изгледа партнерот? Сакате ли да патувате заедно?
  • rn011

  • возрасен: Дали секој од вас мисли дека другиот е паметен? Дали умеете заедно да ги решавате проблемите?
  • rn

rn3 нешта во кои треба да си одговарате со партнерот за да имате долг и среќен бракrnrnИдеална ситуација би била кога партнерите би биле компатибилни по сите три точки. Кога тоа не е случај, тие можат да балансираат меѓу себе. На пример, едната личност е авантурист и сака да се забавува, а другата е грижлива, повлечена и одговорна. Според Пирсон ваквите комбинации изгледаат симпатично, но се неодржливи на долг рок. Тој вели дека ваквите двојки функционираат додека едниот не се измори и каже дека не сака да биде оној што е постојано презема одговорност за другиот или да биде оној кој ќе носи забава во домот. Тоа е момент кога личноста сфаќа дека е многу поразлична од својот партнер и дека била во заблуда за карактерот на оној со кој влегла во брак. Тука сепак не е нивниот крај. Доколку личноста сфати дека и покрај различностите тие сè уште можат заедно да живеат исполнет живот, тоа е возможно. Овој процес бара голем напор и желба да се надминат проблемите.rnrnЗа да сфатите до каде сте вие, Пирсон предлага да направите еден едноставен тест. Ако живеете заедно со вашиот партнер и тој е отсутен на неколку дена и некаде видите дел од неговата облека, како ќе се чувствувате? Ќе бидете нервозни што морате да раскренете или тоа ќе ви разбуди некакви убави спомени? Одговорот на прашањето ќе ви даде одговор како вашите „родител, дете и возрасен“ се сложуваат заедно.