Сите ние во 20-тите години свесни сме дека имаме многу лоши навики кои треба да прекинеме да ги правиме, но никако да го сториме тоа. Еве што нè советуваат постарите. Ова се нештата од кои треба да се одвикнеме пред на нашата роденденска торта да стои бројот 25.rnrn
rn
1. Јадење во кревет
rnОсвен доколку сакате вашиот пријател глушец да ве посетува почесто во кревет.rn
2. Јадење брза храна
rnДа, некогаш ќе имате мерак за хамбургер или хот дог, но не секој ден и не секој оброк. Пожелно е свеста за здравиот начин на исхрана да ја развиеме до 25-тата година од нашите животи.rn
3. Губење време со лоши партнери
rnИ самите знаете дека немате иднина, зошто упорно одите со главата во ѕид? Не, нема да се промени.rn
4. Неконтролирано трошење на парите
rnЕден ден ќе имаме семејства за кои ќе треба да се грижиме, а ако сме искрени, моментално и за нас самите не ни остануваат доволно пари.rn
5. Гледање серии по цела вечер
rnИако другиот ден немате утрински обврски, не останувајте будни цела вечер. Добриот сон е многу важен.rn
6. Неконтролирано порачување пијалаци по барови и клубови
rnНе, не давајте знак дека секогаш кога вашата чаша е празна треба да ви се донесе ново вино. Другиот ден многу ќе вложите напор во обидот да се сетите каде ви избегале парите.rn
7. Споредување на себеси со други
rnКако вашите пријатели на ФБ, или бившите соученици. Споредувањето е лоша навика со која мора да престанеме. Сечиј живот е различен а споредбите мора да прекинат.rn
8. Потфрлање со личната хигиена
rnНе сме мали деца па нашите мајки да трчаат по нас велејќи ни да си ги измиеме забите.rn
9. Постојан мамурлак
rnВо ред е да ви се случи еднаш, два пати, на важни датуми и сл. Лошо е ако луѓето многу долго ве немаат видено трезни и свесни. Грижата за себе, за добриот сон и контролираната консумација на алкохол се навики кои мора да се стекнат додека не е предоцна и додека не сме почнале да преминуваме некои граници.rn
10. Остварување комуникација само преку СМС и социјални мрежи
rnДа, корисно е да се вежба комуникација во живо.rn
11. Спиење до пладне
rnНекогаш ќе ви се случи, но многу неодговорно е да го започнувате денот на пладне. Плус, го пропуштате најубавиот период од денот – утрото.rn
12. Озборување
rnНе, доволно сме возрасни за малограѓанско однесување.rn
13. Губење на професионалноста на работното место
rnМлади сме и треба да покажеме способност и знаење. Лакирањето на работно место е строго забрането дури и ако никој не ве гледа.rnrn
rn
14. Неодржување хигиена во домот
rnИако ви е мака, сепак фрлајте го ѓубрето редовно.rn
15. Премногу откривање на вашата приватност на социјалните мрежи
rnКако што растеме учиме да откриваме сè помалку бидејќи знаеме дека навистина е непотребно.rn
16. Неконтролирање на сопствените емоции
rnАко размислувате за зголемување на емоционалната интелигенција, сега е вистинското време.rn
17. Неодговорно однесување
rnАко сте ветиле дека ќе направите нешто сторете го, ако треба да бидете негде, стигнете на време.rn
18. Позајмување и не враќање на позајменото
rnВаквото однесување воопшто нема да им се допадне на вашите пријатели а и самите сте свесни дека ги ставате во незгодна позиција.rnrn
rn
19. Постојано доцнење за да фатите автобус
rnИ не само автобус. Време е да се навикнете да пристигнувате на време.rn
20. Наивно размислување
rnНе, не може странец од улица да проба да ве разубеди во вашите основни верувања и ставови во животот, ниту може да ве натера да ги дадете вашите пари негде.rn
21. ФБ прогонување на старите љубови
rnЕдноставно оставете ги таму каде што им е местото – во минатото.rn
22. Непланско пазарење
rnЗнаеме дека е тешко да се контролираш себеси во преполн маркет или во бутик каде само што стигнала сезонската облека, но мора да размислуваме како возрасни.rn
33. Дозволување гордоста да надвладее со нас
rnВо ред е да побарате помош и да признаете слабост.rn
25. Неследење на временската прогноза
rnМожеби ви звучи смешно, но многу е добро да имаш со себе чадор кога на сред улица ќе те фати дожд.rn
25. Заборавање да се каже „благодарам“
rnОва за многумина не е сериозен проблем, но благодарноста е клучна во животот. Тогаш кога ќе научиме да бидеме благодарни и за најмалите нешта, ќе научиме вистински да ги вреднуваме нештата.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.