Повеќето луѓе практикуваат ригорозни вежби и диети со цел да се чувствуваат убаво во облеката што ја носат. Но, доколку вие навистина сакате да ги подобрите работите на овој план, прво запрашајте се што можете да направите за да изгледате подобро кога сте голи. Сепак, ако се чувствувате и изгледате убаво додека сте голи, така ќе се чувствувате и ќе изгледате и облечени.rnrnОва се 15-те начини благодарение на кои ќе изгледате подобро голи, а тие не се толку тешки колку што мислите.rnrn
rn
1. Воспоставете рутини во исхраната
rnИако сите ви кажуваат да бидете креативни со храната, намалувањето на нејзината разновидност може да ви помогне да внесувате помалку калории по оброк. Тоа што ќе појадувате и ручате исто јадење ќе направи да имате една работа помалку за мислење, што пак може да резултира со попаметен избор на намирници вклучени во оброкот.rn
2. Користете антицелулитни продукти
rnЦелулитот често е една од причините поради кои жените одбиваат да носат шорцови и бикини во летните денови. Секоја жена има барем малку целулит, па не дозволувајте тој толку да ви влијае на начинот на кој се доживувате себеси. За да ја намалите неговата видливост и да го подобрите изгледот на кожата, можете да изберете некој продукт за отстранување на целулит.rn
3. Изложувајте се на сонце
rnСите изгледаме подобро кога ќе нѐ допрат сончевите зраци, па затоа 20 минути дневно на сонце е сѐ што ви треба за да добиете природен сјај на телото. Плус, витаминот Д помага во намалување на симптомите на анксиозноста и депресијата.rn
4. Променете ги вашите вежби
rnАко сакате да имате подобро тело, треба да вложите малку напор за да ја постигнете таа цел.rnТоа не значи дека треба да се „убиете“ од вежбање во сала за да изгледате подобро. Додадете тегови во вашата рутина или одете дополнителни 10 минути следниот пат кога ќе излезете. Ќе се изненадите колку многу малите промени можат да влијаат на вашето тело.rn
5. Користете метални тегови со рачка (kettebells) за време на тренингот
rnДизајнот и функцијата на овие тегови можат да ги издолжат вашите мускули и да ви дадат изненадувачки добра форма. Не мора да кревате којзнае колку тешки тегови со рачка за да ги почувствувате резултатите. Згора на тоа, тие се забавни за користење во удобноста на вашиот дом.rnrn
rn
6. Оставете едно светло вклучено
rnФотографите советуваат да ги придушите сите светла во просторијата, но да оставите едно вклучено за вашето тело да изгледа потенко, поцврсто и посјајно.rn
7. Исчистете го грбот
rnКога го чистите телото, не заборавајте на грбот. Ако имате акни на овој дел од телото, купете производ специјално наменет за лекување на акните на грбот, кои вообичаено се потешки за лекување.rn
8. Внимавајте со депилацијата
rnИако депилирањето е естетска и хигиенска навика, сепак постои ризик од опасни инфекции.rnЗатоа, внимавајте каде и како правите депилација и секогаш одржувајте хигиенски услови. Исто така, иако бразилската депилација на бикини зоната беше хит долго време, сега девојките практикуваат поприроден изглед, а тоа влијае на уште подобар изглед на целото тело.rn
9. Шминкајте се едноставно и природно
rnКористете лак за нокти во „nude“ нијанса и нежни кармини наместо шминка во премногу впечатливи бои. Помалку боја – повеќе природна убавина!rn
10. Користете кокосово масло
rnАко сакате да му дадете природен сјај на вашето тело, користете кокосово масло. Вашата кожа не само што ќе биде помека и помазна, туку и ќе изгледа подобро.rnrn
rn
11. Користете средства за самопотемнување
rnПроизводите за самопотемнување се одличен избор за во студениот период од годината кога немаме можност да го изложуваме целото тело на сонце.rn
12. Правете вежби за зацврстување на задникот
rnВежбата „исчекор“ при што едната нога оди нанапред, а задната нога се истегнува, е навистина многу тешка, но таа може да направи многу за вашиот задник. Почнете со 10 исчекори со секоја нога на ден и ќе ја забележите разликата. Толку секој може да направи.rn
13. Избегнувајте храна што предизвикува надуеност во стомакот
rnАко сакате вашиот стомак да изгледа порамно, треба да исфрлите одредени видови храна кои предизвикуваат надуеност, како што се цитрусните овошја, брокулата, пржената храна и газираните пијалаци.rn
14. Одете на масажи
rnМасажата помага да се отстранат токсините од кожата и ѝ дава природен сјај. Плус, чувството е неверојатно.rn
15. „Зачинете“ го животот
rnЗачините помагаат во работата на дигестивниот тракт и прават кожата да изгледа помладо. Ако сакате да го подобрите начинот на кој изгледате кога сте голи, додадете малку зачини во вашиот живот и видете колку подобро ќе се чувствувате.rn
Автор: Драгана Мициќ