КАФЕ ПАУЗА

14 работи за кои веднаш треба да престанете да се обвинувате во животот

Written by

in

,

Понекогаш се обвинуваме себеси за начинот на кој го живееме нашиот живот бидејќи не изгледа совршен како што сакаме да биде. Кога разговараме со пријателите или сме на социјалните мрежи имаме навика да ги споредуваме нашите животи со туѓите. Се обвинуваме за работите за коишто не треба дури ни да се извинуваме. Бидејќи никому не должите објаснување време е да се прегрнете себеси и да престанете со срамење за следниве работи.rn

1. Вашиот избор на кариера

rnrnrnАко е невообичаена и помалку платена вашата работа, вие ќе се обвинувате себеси за вашиот избор. Се сомневате дали имате квалификации за постабилна работа со подобри примања, но сте одбрале поинаков пат во кариерата. Но, ако работата ве исполнува треба да бидете горди со тоа што го правите, за што и да станува збор.rn

2. Вашите способности или недостаток на способности

rnrnrnМожеби сте се почувствувале омаловажени поради вашата неспособност или недостаток на способност во нешто, но не смеете да се обвинувате поради тоа. Сите имаат силни и слаби страни, а ако во нешто не сте добри тоа не ве прави губитник.rn

3. Посветување време за себе

rnrnrnВо свет полн со екстроверти понекогаш е тешко да одвоите време за себеси. Ако сте мајка ќе се чувствувате виновно ако не им посветуваме внимание на децата. Но, вистината е дека секој заслужува време што ќе го помине со себе и ќе си угодува без да се грижи за останатите, барем на кратко.rn

4. Пријателите и партнерот што ги избирате

rnМожеби имате партнер или пријатели во вашиот живот за кои другите мислат дека не се доволно добри за вас. Но, ако вам ви одговара да ги имате покрај вас тоа не е воопшто важно. Треба да ви е драго што таквите луѓе како нив сè уште постојат во светов и се грижат за вас.rnrnrn

5. Од каде доаѓате

rnrnrnАко се срамите од вашето минато потешко ќе ви биде да ја цените сегашноста и да се насочите кон иднината. Прифаќањето на вашето минато е едно од нештата што треба да ги направите за да почнете да се сакате себеси.rn

6. Храната што ја јадете

rnrnrnСè додека се грижите за здравјето не смеете да се обвинувате за храната што ја јадете. Јадењето е едно од најголемите задоволства во животот, а ако можете да си го дозволите, уживајте во него.rn

7. Вашиот љубовен статус

rnМожеби преферирате да бидете сингл или сакате да се разведете од вашиот партнер. Дури и ако луѓето не се согласуваат со вас не смеете да се обвинувате ако не сакате да бидете со некого. Може да звучи одлично да се биде во врска и да се стапи во брак, но ако чувствувате потреба да бидете сингл не смеете да чувствувате вина поради тоа.rnrnrn

rnПродолжува на втората страница…rn