rn
8. Доколку имате намален имунолошки систем, воопшто не посетувајте салони за маникир и педикир
rnЛуѓето коишто имаат намален имунолошки систем, боледуваат од дијабетес, васкуларна болест или имаат проблеми со циркулација, како и лицата коишто имаат ХИВ и повозрасните, се позагрозени и треба сосема да ги избегнуваат салоните за убавина.rn
9. Избегнувајте употреба на УВ-лампи за сушење на лакот за нокти
rnУлтравиолетовата светлина е опасна за вашата кожа, а дури може и да ви создаде изгореници. Докторите препорачуваат целосно да ја избегнувате. Исто така, можете да побарате салони коишто употребуваат ЛЕД, наместо УВ-лампи.rnrn
rn
10. Држете се настрана од премногу жешка вода
rnБањите за стапала коишто се прават пред педикирот, можат многу да ви ја исушат кожата и да предизвикаат појава од пукнатини. Затоа е многу важно, водата да не биде екстремно жешка и по завршувањето на третманот, да нанесете хидратантен лосион за стапала, за да ја вратите еластичноста на кожата.rn
11. Враснатите нокти, никогаш не треба да бидат третирани од страна на маникирист
rnВработените во салоните едноставно, ги немаат потребните квалификации за да ја направат процедурата, а можат да предизвикаат и појава на инфекции. Доколку имате враснати нокти во кожата, треба да побарате стручна помош од доктор, којшто соодветно ќе го отстрани проблемот.rnrn
rn
12. Маникиристите не треба да ја отстрануваат задебелената кожа од стапалата
rnКако што објаснивме во претходната точка, маникиристите ги немаат потребните квалификации, ниту соодветна опрема за да ја отстрануваат грубата, задебелена кожа на стапалата. Тие можат да ве повредат или да предизвикаат сериозна инфекција. Најдобар начин да се збогувате со задебелената кожа, е да носите соодветни чевли и редовно да ги мачкате со лосиони за нозе.rn
13. Можеби чувството е прекрасно, но избегнувајте бања за стапала со меурчиња
rnВртежите и меурите под млаз во ваквите бањи, можат во себе да чуваат многу бактерии. Затоа, д-р Сатера, препорачува да посетувате козметички салони, во коишто се користат посебни корита за секој клиент, при што нема да ризикувате да префатите инфекција, од некој што го употребувал пред вас. Исто така, осигурете се дека салонот ги дезинфицира бањите за стапала, после секоја употреба.rnrn
rnrnМоже да ве интересираат и 3-те факти што треба да ги знаете пред да се одлучите за гел маникир.
