КАФЕ ПАУЗА

11 магнети за неред кои потајно го прават вашиот дом неуреден

Written by

in

,

Дали и покрај тоа што премногу се трудите да го чувате вашиот дом чист и уреден, сепак тој многу лесно почнува да изгледа неуреден и хаотичен? Па дури и после темелното чистење, за само пет дена се добива впечаток дека нешто не е во ред. Но, има неколку совети кои можат да го сочуваат вашиот разум. Во сечиј дом има неколку места кои се како магнет за неред, па фокусирањето на тие точки ќе прави вашето место да изгледа беспрекорно подолго време.rnrnБез разлика на сè, чист дом значи среќен дом, а сите би можеле да имаме корист од повеќе среќа во нашите животи. Внимавајте на овие 11 нешта кои потајно го прават вашиот дом да изгледа неуредно.rn

1. Случајни купишта хартија, писма и весници

rn11 магнети за неред кои потајно вашиот дом го прават неуреденrnrnБез разлика колку пати во текот на животот сте се ослободиле од нив, купиштата од хартија, писма, весници и списанија магично се појавуваат на случајни места низ вашиот дом. Не дозволувајте ова да се случува така што ќе ја организирате вашата пошта или документи веднаш штом ги добиете и ќе ги фрлате старите весници и списанија.rn

2. Растурен кревет

rnЌе се изненадите колку вашата неуредна соба ќе се трансформира откако ќе го наместите креветот. Покрај сè, креветот е фокусот на вашата соба.rn

3. Полици во кујната

rnАко во орманите во кујната имате купишта од шолји и чинии кои не одговараат едни со други, а насекаде ви се расфрлани тенџериња и прибор, тогаш можеби е време за преуредување на вашата кујна.rn

4. Џунгла од заплеткани кабли

rn11 магнети за неред кои потајно вашиот дом го прават неуреденrnrnТие се кријат зад вашиот телевизор, биро и ормани. Можеби повеќе не ги забележувате, но тие придонесуваат вашиот простор да изгледа многу неуредно.rn

5. Неорганизирани полици со книги

rnМожеби сакате да покажете колку сте начитани со полните полици со вашите омилени книги, но го постигнувате токму спротивниот впечаток кога книгите не се наредени по никаков редослед. За да ги претворите вашите полици во прекрасно уредено катче од домот, организирајте ги кориците од книгите по боја и жанр.rn

6. Канта резервирана за рециклирање

rn11 магнети за неред кои потајно вашиот дом го прават неуреденrnrnБидејќи вие сте добра личност, која е длабоко загрижена за планетата, ги сортирате лименките, картонските кутии и пластиката за да бидат рециклирани. Но овие отпадоци најчесто зафаќаат голем простор, па ја преплавуваат кујната и често се наоѓаат околу кантата за ѓубре. Што значи за да на ви се случува неред, сортираните отпадоци за рециклирање изнесувајте ги почесто.rn

7. Стари чевли и облека кои одбивате да ги фрлите

rnЗа да имате уреден орман, исфрлете сѐ што не сте носеле повеќе од 2 години. Тоа значи и парот „старки“ кои се распаѓаат, старите омилени маички кои ги нарекувате пижами и што било во кое не можете да „влезете“ во изминативе пет години.rn

8. Неизмиени садови

rnБез разлика дали се наоѓаат во мијалникот или на масата, миењето на чиниите треба да биде прво нешто кое го правите после оброкот. Неизмиените чинии и чаши се првото нешто кое гостите го забележуваат, па затоа мијте ги чиниите секој ден. Според науката, кога ќе завршите со оваа обврска ќе бидете посреќен човек.rn

9. Крпите кои ги оставате наоколу да се сушат после туширање

rn11 магнети за неред кои потајно вашиот дом го прават неуреденrnrnНе е важно што вашата бања е во совршен баланс на бои, водените крпи кои висат од зад завесата или се фрлени насекаде, ќе го направат вашиот порцелански рај да изгледа неуредно и нечисто. Размислете каде ги обесувате крпите после туширање, а настрана обесете ги оние со кои бришете раце. Искористените крпи се едни од најнечистите нешта во вашиот дом, па затоа перете ги после третото користење за да мирисаат убаво.rn

10. Многуте предмети кои ги нарекувате декорација

rnАко вашите полици и масички се преполнети со свеќи, рамки за слики или спомени и сувенири од патувањата, тогаш сето тоа може да изгледа претерано. Селектирајте кои омилени орнаменти ќе ги изложите на полиците.rn

11. Куп со алишта за перење

rn11 магнети за неред кои потајно вашиот дом го прават неуреденrnrnПосле тешкиот ден на работа, најлесно е да се собуете по долна облека и да го стуткате и фрлите врз купот кој расте во аголот од собата тоа што сте го носеле во текот на денот. Секојдневното гледање во неуредниот куп валкани алишта може да биде стресно. Чувајте ги валканите алишта под контрола, така што ќе перете минимум еднаш во неделата.