Кога имаме здрава самодоверба, ние имаме тенденција да се чувствуваме многу попозитивно за нас како и генерално за нашиот живот. Токму затоа погледнете ги следниве неколку совети кои можат скоро инстантно да ви помогнат да ја подобрите вашата самодоверба.
rn
1. Ставете се себеси пред момците
rnСекоја жена има период од својот живот кога едноставно се опседнува со наоѓањето маж за неа. Токму оваа потрага може да доведе до донесување брзи и непромислени одлуки кои подоцна водат кон каење кое резултира со намалена самодоверба. Токму затоа фокусирајте се на себе и на она што вие го сакате и не се задоволувајте со ништо помалку од тоа што го заслужувате. Веднаш ќе забележите како вашата среќа ќе расте, а со тоа и самодовербата.rn
2. Направете повеќе фотографии од себе
rnВашето тело секојдневно се менува без да вие да забележите. Токму затоа еден ден ќе се разбудите, ќе се погледнете во огледало и ќе видите остарена личност која ви се смее од другата страна. Во тој момент со сигурност ќе ви се појави носталгија за вашите млади години што ќе ве натера да се фрлите на старите фотографии. Токму тие се оние кои ќе ве расположат, насмеат и ќе влијаат позитивно врз вашата самодоверба.rn
3. Користете ги списанијата во ваша корист
rnСигурни сме дека прекрасната девојка од насловната не се буди со тој изглед. Таа исто како и вас, секое утро кога ќе стане е бушава со потечени очи од спиење. Но, нејзината работа е да изгледа добро, па токму затоа прочитајте што таа вели за одржување на својот стил. И секако, не верувајте слепо на сè што ќе прочитате, туку одберете ги оние нешта кои сметате дека вам ви одговараат и потоа прилагодете ги на вас.rn
4. Овошјето има најдобар шеќер кој може да нè исполни со енергија
rnНашето тело е составено од над 70% вода, па токму затоа секогаш е добра идеја доколку испиете уште чаша плус во текот на денот. Но, доколку сакате енергија – посегнете по вашето омилено овошје. Кафето и зелениот чај исто така можат да ви помогнат во оваа цел, но доколку се консумираат умерено.rn
5. Во ред е да не сте во ред
rnГневот, вината, стравот и срамот се само привремени емоции кои со тек на време ќе избледат. Колку повеќе се опирате, толку повеќе тие се засилуваат, па токму затоа обидете се да ги прифатите, да ги искусите во целост и потоа да ги пуштите да си одат. Не се измачувајте кога ќе ги чувствувате во вас, само запомнете дека не треба да се присилувате да излезете од оваа ситуација, туку едноставно помогнете си полека и смирено да ја надминете.rn
6. Вие сте друштвото кое го задржувате покрај вас
rnПогрижете се вашите пријатели со кои сте опколени да се оние кои влијаат позитивно врз вас. Во вашиот живот треба да ги задржите само оние пријатели кои ве потсетуваат кои сте навистина и кои ви дозволуваат да бидете она што сте. Тие не сакаат да ве менуваат и целосно ве почитуваат. Но, најважно од сè, тие ве тераат да бидете подобри.rn
7. Напишете листа од сите ваши позитивни карактеристики
rnЗемете лист и пенкало и почнете да ги набројувате оние нешта кои другите ги кажале за вас. Добрите нешта. Исто така фокусирајте се и на сите оние позитивни нешта кои вие во текот на животот сте ги почувствувале во себе за себе. Чувајте го овој лист на безбедно, па секогаш кога ќе забележите дека вашата самодоверба опаѓа – прочитајте го!rn
8. Одржувајте дневник за емоции
rnЗапишувајте ги сите ваши чувства, од оние кои сте ги доживеале на работа до оние кои се појавиле во вас кога сте си легнувале да спиете. Не испуштајте ништо, запишувајте ги дури и најмалите емоции кои ќе ви прелетаат низ главите. Доколку внимателно водите записи, со тек на време има големи шанси да можете да откриете нешто повеќе за начинот на кој реагирате на нештата, а со тоа и да се обидете во иднина да правите помудри одлуки.rn
9. Музика, музика, музика
rnПостои музика која може да ја опише секоја емоција. Токму затоа постојано имајте ги вашите омилени песни покрај себе, бидејќи со нивна помош ќе можете да ја исполните вашата глава со позитивна и забавна музика која добро ќе влијае врз вашето расположение.rn
10. Мотивациски говор
rnВас од поголемата среќа ве дели само едно пребарување на Јутјуб за мотивациски говор на која било тема. Светот е преполн со предавачи и животни тренери со чија помош вие не само што можете да се мотивирате побрзо да постигнете одредена замислена цел, туку и да го направите тоа со висока самодоверба и голема љубов кон себе.


