10 причини зошто скијањето е најдоброто нешто што можете да го направите за вашето тело

Сподели

Во студените зимски денови, најдобрата физичка активност речиси секогаш е скијањето. Луѓето на сите возрасти можат да почувствуваат придобивки од ден поминат на снег, бидејќи скијањето е рекреација не само за телото, туку и за умот. Доколку размислувате дали да му дадете шанса на овој спорт, следниве придобивки ќе ве убедат во тоа.

Реклама

rn

1. Ја подобрува проприоцепцијата

rnПроприоцепцијата се дефинира како способност да ги чувствувате разните делови од телото, како и напорот којшто го вложувате за нивно помрднување. Со други зборови, кога ја држите раката пред лицето и ги затворате очите, знаете дека раката ви е таму иако не можете да ја видите.

Реклама

Скијањето вклучува рамнотежа и координација, а за време на самата активност морате да бидете свесни за многу движења и положби на телото со цел да останете на нозе. Проприоцепцијата е нешто што слабее со текот на времето, а со скијањето можете да го забавите тоа.rn

2. Ги зајакнува коските и зглобовите

rnВашите колена мораат да го издржат целиот напор и тежината додека скијате, па на тој начин ќе се зајакнат. Освен колената, ќе се зајакнат и вашите коски, а со тоа ќе ја спречите остеопорозата и ќе ја зголемите целокупната сила.rn

3. Го подобрува расположението

rnНе само што скијањето ги зголемува среќата и благосостојба, туку е навистина корисно за физичкото и менталното здравје, без разлика колку често и колку долго скијате.rn

Реклама

4. Ја зголемува кардиоваскуларната издржливост

rnКако аеробна вежба која бара издржливост, скијањето помага во согорувањето калории и намалувањето на несаканите килограми. Покрај тоа, добра кардиоваскуларна вежба за почетниците е одење низ падината наместо користење на жичарата.rn

5. Ги зајакнува мускулите на долниот дел од телото

rnБидејќи постојано скијате во клекната положба, ова има влијание на вашите нозе и задник. Додека се спуштате низ падината можеби воопшто нема да го чувствувате напорот, но следниот ден сигурно ќе ги почувствувате резултатите.rn

6. Ја подобрува рамнотежата и го зајакнува горниот дел од телото

rnБидејќи за време на скијањето постојано се обидувате да одржите рамнотежа, горниот дел од телото е постојано активен. Покрај тоа скијањето е вистински предизвик за вашата рамнотежа и подвижност, па со текот на времето ќе се подобрат и тие.rn

7. Го поттикнува длабокиот сон

rnПо скијањето ќе бидете навистина исцрпени, и тоа на најдобриот можен начин. Исцрпеноста ќе ја чувствувате на целото тело, па вечерта ќе заспиете многу лесно.rn

8. Ја подобрува флексибилноста

rnФлексибилното тело е вистинска предност кога станува збор за скијањето. На овој начин можете да ги избегнете напорот на мускулите и повредите. Темелно и редовно истегнувајте ги стомачните мускули и колковите пред да почнете со скијање.rn

9. Ги поттикнува здравите прехранбени навики

rnКога ќе се разбудите по напорен ден поминат во скијање, ќе ви биде потребна енергија. Физичката активност секогаш ќе ве поттикне да бидете свесни за начинот на којашто се храните, па ќе внесувате повеќе протеини и здрави масти, како и овошје и зеленчук, а помалку шеќери.rn

10. Ќе добиете добар тен

rnДенот поминат на снежен врв или планина ќе ви помогне да заборавите на стресот којшто доаѓа со секојдневниот живот. Исто така ќе бидете изложени на витамин Д кој има позитивно влијание на вашето расположение.

Доколку вашата омилена физичка активност е трчањето, погледнете како правилно да трчате надвор во зимските месеци.

Најново

Може ќе ве интересира