Сите сакаме да љубиме и да бидеме љубени, а понекогаш сме подготвени да ја жртвуваме и нашата среќа во име на љубовта. Но изгледа дека врските можат да имаат големо влијание на нашиот личен раст и развој. Всушност, вашите сингл години можете да ги сметате како најпродуктивни и најослбодувачки. Погледнете зошто е добро да бидете сингл и зошто самотијата ќе ви годи.rnrn
rn
1. Можете да правите што сакате
rnВкусовите се различни, а оние кои биле долго во врска најдобро го знаат ова. Што да јадете за вечера, каква музика да слушате, дали да одите на шопинг или на спротски натпревар… потребно е секогаш да ги имате овие мали расправии со партнерот. Но кога сте сами, имате можност да правите што сакате и никој нема да ве обвини за вашиот избор. Немате потреба да ги земете предвид туѓите потреби и желби, а тоа е најубавиот вид слобода што можете да го имате.rn
2. Не треба да ја жртвувате вашата удобност
rnПосле напорниот ден на работа, веројатно не сте заинтересирани за правење вечера или борење за ќебињата навечер. Сингл луѓето не се справуваат во овие проблеми. Всушност, некои истражувања покажале дека најдобриот начин да се наспиете навечер е да бидете сингл.rn
3. Ќе изгледате подобро
rnЛуѓето кои се во долга врска обично почнуваат да прифаќаат нездрави навики и многу побрзо се дебелеат. Ова дебелеење е директна последица од врската – за да поминат време заедно, паровите обично гледаат телевизија, одат на кино, јадат надвор и слични пасивни активности. Самотијата ви дава можност да се фокусирате и да работите на вашето тело. Некои истражувања покажале дека сингл луѓето имаат поголема веројатност да вежбаат, па изгледаат подобро од нивните вљубени пријатели.rn
4. Ќе го задржите контактот со пријателите
rnКога сте во врска нема да биде лесно да најдете време да се дружите со пријателите. Ова е сосема нормално – паровите минуваат време заедно за да ја развијат и подобрат нивната врска. Од друга страна, сингл луѓето почесто се социјализираат и почесто учествуваат на социјални настани. Една од предностите на самотијата е тоа што можете да излезете од удобната зона, да запознаете нови пријатели и да го одржите контактот со старите.rn
5. Вие сте одговорни за вашиот распоред
rnКога сте сингл, одговорни сте само за себе. Не мора да го преместувате вашиот распоред бидејќи партнерот не сака да излегува или одеднаш се разболел. Можете да правите ваши планови и ништо не може да ги промени. Сингл луѓето имаат целосна контрола над нивното време.rn
6. Ќе бидете порелаксирани
rnКога сте во врска, постојано го анализирате вашето однесување во одредени ситуации, бидејќи сте загрижени за иднината на врската. Страв ви е да не направите грешка што би го исплашила партнерот, па ова создава дополнителен притисок. Кога сте сингл, стресот и анксиозноста се намалуваат и ќе научите како да ги контролирате вашите емоции. Кога ќе немате љубовни проблеми, ќе бидете порелаксирани и ментално посилни.rn
7. Ќе станете попродуктивни
rnСамотијата ја подобрува концентрацијата и ја зголемува продуктивноста. Поради ова многу музичари, уметници и автори се обидуваат да отстранат сè што им го одвлекува вниманието. Кога сте сингл нема целиот ден да го поминете со партнерот, туку ќе можете да се фокусирате на работата. На овој начин ќе сработите повеќе за помалку време и веројатно побрзо ќе напредувате во кариерата.rn
8. Самите ќе си поставувате приоритети
rnКога сте во врска секогаш треба да го земете предвид и мислењето на партнерот. Поради ова повеќето парови минуваат многу време заедно планирајќи венчавки, одмори и други важни настани. Но, речиси никогаш не планираат како да го извлечат најдоброто од животот. Поминувањето време сами ќе ви помогне да сфатите што ви е важно и да ги поставите вашите цели според вашата вистинска страст.rn
9. Ќе ја зачувате вашата енергија
rnСо некои луѓе навистина е тешко да ја одржувате врската. Па ако чувствувате дека партнерот ви ја троши целата енергија, можеби тоа е знак дека не сте компатибилни и дека е подобро да бидете сами. Важно е да разберете дека нема ништо погрешно во тоа да бидете сингл. Всушност, кога ги избегнувате погрешните луѓе, вие правите избор и место за луѓето кои се најдобри за вас. Слободното време и енергија можете да ги вложите во нешта што навистина ги сакате.rn
10. Вистински ќе се запознаете
rnНашите сакани имаат големо влијание на мислењето што го имаме за нас. Поради ова, кога сте сами без нешто што ќе ви го одвлекува вниманието ќе имате можност да го исчистите умот и да размислите за вашите вредности. Кога го слушате вашиот внатрешен глас, можете да донесувате одлуки без туѓо влијание. Како резултат на ова ќе имате поголема верба во себе.rnrnПогледнете и што се случува кога уживате во вашата самотија.
