rn
6. Месо за вегетаријанци
rn
rnrnАлтернативното место изгледа, мириса и има вкус како вистинско месо. Разликата е тоа што е направено од зеленчук. Ова месо содржи растителни протеини, аминокиселини, масни киселини, витамини, минерали и микроелементи. Целта на креаторот на месото е да ги натера луѓето да престанат да јадат месо од животинско потекло.rn
7. Растително млеко
rn
rnrnКомпанијата Ripple направила нов вид млеко што можеби е многу подобро од она од животинско потекло. Растителното млеко има исто количество протеини колку и кравјото, но содржи 50% повеќе калциум и има железо и витамин Д. Засега е достапно со 3 вкусови – традиционален, ванила и чоколадо.rn
8. Здрава замрзната храна
rn
rnrnПолупреработените продукти повеќе нема потреба да ги сметате за нездрави. Новата ера на замрзната храна ветува дека таа ќе биде и здрава и вкусна. Компанијата Love The Wild замрзнува риба и додава зачини и сосови. Сè што вие треба да направите е да ја поставите рибата на хартија за печење и да ја ставите во рерната. Истите оброци ги има и за микробранова печка.rn
9. Кисела вода со есенцијални масла
rn
rnrnСекоја година компаниите што продаваат вода бараат начин да ја направат киселата вода помалку штетна. Повеќето од нив ја отстраниле употребата на шеќер, натриум и вештачки засладувачи. Сега се одлучиле да ги заменат вештачките вкусови со есенцијални масла.rn
10. Супа суперхрана
rn
rnrnПроизводителот на супите за пиење го нуди овој продукт наместо сендвичи и друг вид храна што обично би го понеле на работа. Овие оброци се практични и потребно е само да го отворите шишето и да ја испиете вашата супа.rn
11. Остатоци од зеленчук
rn
rnrnСè што сме фрлале досега, оваа година станува тренд во исхраната. Овде спаѓаат деловите од овошјето и зеленчукот што ги фрламе. На пример, листовите од морков се употребуваат за супи и салати, лушпата од лубеница се употребува за џем, а долниот дел од брокулата за палачинки со зеленчук.
