rn
6. Не е најдобро постојано да кажувате „Да“
rnОдговорот „Не“ не секогаш е поврзан со негативност. Всушност, овој збор ја покажува вашата волја и вашата способност рационално да ги одбирате луѓето и настаните со коишто сакате да се справите. Всушност, потребно е да знаете кога треба да кажете „Да“, а кога „Не“.rn
7. Не сте најнесреќната личност на светот
rnРечиси секој има пријател кој останува позитивен без разлика на неговите сериозни проблеми. На пример, млада девојка која мора да ги дава сите пари за лекување на родителите, или стара жена која го поддржува нејзиното големо и неблагодарно семејство. Можеби изгледаат среќни бидејќи не сакаат да ги покажуваат нивните проблеми. Поради ова, кога сте очајни потсетете се дека не сте единствената личност со проблеми. Понекогаш проблемите на другите се многу посериозни од вашите.rn
8. Сите луѓе носат маски
rnСе однесуваме различно кога сме на работа, со семејството и со пријателите. Носиме различни маски во зависност од околината со цел да се вклопиме најдобро. Поради ова не треба да се изненадите ако вашиот колега е друга личност надвор од работното место. Тој не е лицемер, само ја променил маската.rn
9. Важно е да размислите за листата на пријатели
Пријателите се важен дел од нашите животи, а стануваат поважни како што стареете. На училиште можеби сте имале дузина пријатели, но штом ќе наполните 30 можете да ги изброите пријателите на само една рака. Постојат два вида пријатели кои имаат лошо влијание на вас.rn
- rn 011
- Оние кои ви го влошуваат расположението. Овде спаѓаат луѓе кои постојано имаат проблеми и постојано бараат вие да им ги решите. Иако можеби ги сожалувате, најдобро е да се ослободите од нив.
- Оние кои си заминуваат кога ви се најпотребни. Штом ќе ја средите ситуацијата, не заборавајте да се збогувате со овој пријател.
rn 011
rn
rn
10. Никој не размислува исто како и вие
rnТинејџерите не залудно сметаат дека никој не може да ги разбере. Всушност, никој на светот не може целосно да ве разбере бидејќи сите го гледаат светот од различна перспектива.rn
11. Секој што го познавате ве користи на некој начин
rnМожеби ви звучи чудно, но сите ние се користиме на некој начин. Работодавачот ги користи вашите вештини, партнерот ги користи вашите емоции и тело, пријателите ја користат вашата помош… Дури и најблиската личност ве користи бидејќи ѝ е потребна вашата поддршка, друштво или комуникација.
Добро е да ги знаете и овие сурови вистини за животот.


