10 работи кои не треба да му ги кажете на партнерот преку порака

Сподели

rn

Реклама

6. Ова не функционира

rn„Мислам дека треба да се гледаме со други луѓе.“ „Ова не функционира.“ Ми треба простор.“ Како и да ја склопите оваа мисла, раскинувањето преку порака секогаш ќе биде табу тема. Без разлика дали сте излегле само два пати или сте биле во сериозна врска, раскинувањето преку порака е многу болно. Земете ги во предвид чувствата на вашиот партнер и не го барајте лесниот излез од оваа ситуација.rn

7. Докторот ми кажа лоши вести

rnНовости кои би го исплашиле слушателот секогаш треба да се кажат лично. Никој не сака да прочита за вашата дијагноза за сериозна болест, особено некој кој ве сака. Немојте да го загрижувате вашиот партнер и најдете време кога можете лично да разговарате за тоа. Ако е навистина итно, подобро е да се јавите наместо да праќате порака.rn

8. Вашиот роднина (или домашен миленик) умрел

rnПраќањето порака дека некој што ви е драг починал едноставно не е добро. Сигурно не треба да објаснуваме зошто. Едноставно не го правете тоа.rn

9. Извини

rnИзвинувањата се нешто што треба да го кажете лично. Тогаш вашиот партнер може да виде дека навистина го мислите тоа бидејќи делата кажуваат повеќе од зборовите.rn

10. Разголени фотографии

rnОва би требало да му е јасно секому, но за жал живееме во свет каде што сè се одвива преку Интернет. Дали сте свесни дека секоја разголена фотографија која сте ја пратиле ќе биде зачувана, а можеби и објавена? Не дозволувајте ова да ви се случи вам, ниту пак на вашиот партнер.

Погледнете и зошто настануваат недоразбирања во пишаната комуникација.

Популарно

Може ќе ве интересира