Лак за коса, боја за кондури, тампони, сунѓери, лепило… не, ова не е список за пазарење туку некои од најчесто користените средства кои се користат за шминкање на храната, за таа да изгледа вкусно и привлечно на ТВ рекламите. Маркетинг експертите многу добро знаат како да ги привлечат корисниците за одреден производ.rnrn
rnrnСигурно досега сте забележале некоја реклама на која хамбургерот од некој ресторан за брза храна изгледа фантастично, а откако ќе го купите сфаќате дека тоа не е ни приближно до вистината, ни по вкус, ни по изглед. Џенифер Јусток е шминкерка на храна која се снима за реклами. Нејзината задача е многу едноставна, бидејќи треба на каков било начин да направи храната да изгледа перфектно, без разлика како ќе го постигне тоа. Ова се десет трикови кои таа најчесто ги користи.rn
1. Лепило
rnЛепилото многу често се користи при снимањето на реклами за житарки. Имено, бидејќи млекото многу брзо ги растопува житните зрна во чинијата, децата на рекламите „јадат“ цереали потопени во бело лепило или понекогаш дури и во шампон.rn
2. Сунѓери, тампони, памук…
rnВо рекламите многу е важно храната да делува како да е само што извадена од рерната. За да се добие ефект како храната цело време да чури, многу умешно низ нејзе се кријат сунѓери, тампони или топчиња памук потопени во врела вода.rn
3. Летламба, метално стапче за жигосување и боја за чевли
rnМесните производи најчесто не се приготвуваат многу за да не се смали нивниот обем или пак да се исушат. Токму поради ова, печеното месо по рекламите се потпекува минимално со летламба, се жигосува со загреано метално стапче за да делува како да е печено на скара и се премачкува со боја за кондури за да изгледа неодоливо печено.rn
4. Картони и чепкалки за заби
rnКартоните се користат при снимањето на реклами за бургери, за да не се дозволи месото да го омекне лепчето. Затоа под и над месото се става по едно крукче картон. Чепкалките служат за зелената салата, доматот, краставичките и кормидот совршено да се фиксираат и да не се померуваат.rnrn
rnrn
5. Моторно масло и течности за заштита на текстилни материјали
rnАмериканските телевизии често рекламираат палачинки прелиени со јаворов сируп. Но бидејќи во реалноста палачинките многу брзо го впиваат јаворовиот сируп, во рекламите тие се премачкуваат со разни течности за заштита на текстил, а јаворовиот сируп се заменува со моторно масло… Неодоливо!rn
6. Лак за коса и дезодоранс
rnОвие производи најчесто се користат кога се рекламира некое овошје, особено грозје бидејќи му даваат посебен мат финиш.rn
7. Хартиени крпи, хартија за раце…
rnЗа сладоледот на рекламите да изгледа што е можно повкусен, често врз него се истураат разни преливи. Но, бидејќи преливите често претекуваат, се фрлаат одозгора парченца од хартиени салвети, кои наводно прават чудо кога станува збор за задржување на преливот врз топките сладолед.rn
8. Храна која придонесува другата храна да изгледа неодоливо
rnВистински хит во рекламите е пирето од компир, кое се инјектира во друг продукт, како што е на пример месото, за тоа да би изгледало посочно. Исто така, пирето се користи и како замена за сладолед, но се бои во боја соодветна за вкусот на сладоледот.rn
9. Таблети против жиговина и балони од сапуница
rnОвие препарати се најнормална работа при снимањето на реклами за газирани пијалаци, бидејќи им даваат освежителен изглед.rn
10. Пинцета
rnЗа хамбургерот да изгледа целосно привлечен, лепчето мора да биде совршено. Токму затоа, сусамот на горниот дел од лепчето многу внимателно со пинцета се лепи со помош на лепило.rnrnЗа крај погледнете ја на дело работата на „стилистката“ Џенифер Јусток…rnrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
