Зошто читањето книги е најдобриот начин да го поминете слободното време?

Сподели

Нема ништо поубаво од мирисот на нова книга и еден цел нов свет што чека да биде откриен. Простор со нови места, нови ликови, чии искуства ќе останат врежани во вашиот ум и фантазија. Активност која ќе ве направи поемпатични, позрели и секако, поинтелигентни. Па, доколку имате слободно време зошто да не се одлучите да прочитате една добра книга? Еве ги причините зошто тоа би бил најдобриот избор за вас.

Реклама

rn

Повеќе читање, поубаво изразување

rnЧитањето книги ќе доведе до полесно акумулирање и зголемено разбирање на граматиката, вокабуларот и реченичната структура на еден јазик. Потсвесно, вашиот ум ќе го поврзе она што сте го прочитале со начинот на кој се изразувате и несомнено ќе бидете поелоквентни и ќе звучите покултурно.rn

Читањето е учење

rnИ додека фаќањето белешки на мошне досадните предавања на факултет, прават да заспиете, не грижете се бидејќи постојат и други начини да дојдете до информациите кои вас ви се интересни и сметате дека се важни. За момент, оддалечете се од строго предвидениот материјал за учење и побарајте книга, во која истата тематика е разработена на многу поразбирлив и интересен начин. Не велиме дека ќе се забавувате читајќи книги за историја или економија, но барем ќе сфатите дека секогаш постои алтернатива и дека ништо не е изгубено.rn

Читањето е секси

rnНавистина, има нешто толку неодоливо кога ќе здогледате некој со кафенце, книга в рака, како ужива во сопственото друштво и се труди љубопитно да дознае нешто ново. Сфаќате дека постојат и други како вас, кои читањето книги ги прави да се чувствуваат удобно во сопствената кожа, несвесни за тоа колку интелигентно и привлечно изгледаат.rn

Читањето води кон интроспекција и самооткривање

rnНекои книги се повеќе од едноставна забава и едукација. Постојат дела кои ви ги отвораат очите и срцето за нови досега неоткриени територии, хоризонти и начини на размислување. На пример, кога се чувствувате изгубено и безнадежно, читајте за нечие успешно животно патување, кое можеби ќе ви даде нови насоки и начини за справување со проблемот. Ова не значи дека ќе веднаш ќе дојдете до конечно решение, но секако ќе ви биде од огромна помош.rn

Читањето е уживање

rnЧитањето не треба да претставува товар, туку уживање. Можеби нема да ви го промени светот, но ќе ве направи поотворени за пофлексибилни сфаќања и размислувања. Ќе ве натера поубаво да го разберете светот, животот и самите себеси. Придобивките можеби нема да ги почувствувате веднаш, но со текот на времето ќе станете свесни и ќе бидете благодарни што дел од времето сте одвоиле за читање и учење нешто ново.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира