Сите мали мачиња се слатки, но овој вид мачки е навистина посебен! Станува збор за каракалите. Овие прекрасни суштества имале големо религиозно значење за древните Египќани. Тие се појавуваат во нивните уметнички слики, бронзени статуетки, додека, пак, скулптурите направени по нивниот изглед се сметале за чувари на гробовите на фараоните.rnrn
rnrnКаракалите живеат во Африка, Блискиот Исток и во областа на Индија. Возрасните мачки можат да достигнат тежина од 18 килограми и брзина од 80 километри на час, како и да ве освојат со нивниот уникатен и неодолив изглед. Каракалите иако се диви мачки, можат да бидат припитомени и да се чуваат како домашни миленици. Сепак, дивите животни припаѓаат во нивната природна средина, така што нивното чување во домашни услови е забрането во некои земји.rnrnПогледнете ги фотографиите од овие прекрасни суштества кои ќе ве воодушеват со нивната убавина…rnrn
Запознајте се со каракалите: Најслаткиот вид мачки што некогаш сте го виделе!















