Водопадот Батар се наоѓа во Либан и е откриен во 1952 година. За него може да се каже дека е повеќе од невообичаен. Ако се вели дека водопадите си имаат свои трикови, Батар има извонреден трик: водата паѓа 255 метри во огромна пештера која датира од времето на диносаурусите.rnrn
rnrnОвој водопад е лоциран на планината Траил, а амбисот во кој паѓа се нарекува „бездната на трите моста“. Своето име го добил заради тоа што за да се стигне до неа се поминува преку три природно настанати моста. Бидејќи висината на овие мостови е голема, имало предлог да се изработат заштитни огради и да се користи опрема при шетање покрај водопадот. За среќа, властите на Либан ја отфрлиле таа идеја бидејќи секоја додатна заштитна опрема би ја деградирала оваа најзабележителна геолошка формација.rnrn
rnrnДенот на откривањето на оваа пештера е ден за помнење, денот кога францускиот био-спеолог ја откри оваа извонредна дупка. Чудно е колку време било потребно да се пронајде оваа природна убавина со оглед на тоа дека е многу блиску до селото Balaa и градот Tannourine.rnrn
rnrnМожеби, бидејќи е затскриена во убавите планини и поради волшебниот поглед кој ќе ве обземе одејќи низ ливадата, никогаш не би претпоставиле што се крие на крајот на прошетката. Истата година локалната патрола го испитала дното на пештерата, но дури после 30 години е забележано ова место на мапа.rnrn
rnrnЈура-варовникот на дното на пештерата е стар повеќе од 160 милиони години. Формирањето на овие варовници е од витално значење за локалитетот. Постојаното присуство на вода низ милениумите, допринело за добивање на формата која пештерата ја има денес.rnrn
rnrnНајвисокиот мост настанал прв, а потоа со серија циркуларни и вертикални ерозии во комбинација со распаѓање на карпите настанале средниот и долниот мост. Дури и денес не се знае целосно за настанувањето на пештерската дупка, но нема ни да се дознае, сè додека тече вода во неа. Најдеструктивни се зимските мразулци, кои кога снегот се топи, предизвикуваат отцепување на крупни делови по ѕидовите на пештерата.rnrn
rnrnНа самиот локалитет има знаци кои им укажуваат на туристите да бидат внимателни и да не се приближуваат премногу по ивицата, бидејќи тлото е лизгаво и може да дојде до паѓање во бездната, повреди и смрт. Исто така, шетањето по средишниот мост е забрането бидејќи е најнесигурен и има опасност од рушење земајќи ја предвид додатната тежина од туристите. Времетраењето на овој прекрасен локалитет може само да се претпостави со оглед на секојдневните ерозии кои се случуваат. Па затоа, ако некогаш патот ве води накај Либан, посетете го овој водопад додека е сè уште таму. Нема да зажалите.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
