КАФЕ ПАУЗА

Вака изгледа детенце на магарица и зебра

Вака изгледа детенце на магарица и зебра

Written by

in

Неодамна во Италија се родила прекрасната Ипо, мелез од татко зебра и мајка магарица. Овој редок хибрид е познат под името зонки. Во светот постојат различни зеброиди (хибрид од зебра и друг член на коњската фамилија), но случаите како Ипо се многу ретки. Всушност, таа е единственото зонки во цела Италија.rnrnВака изгледа детенце на магарица и зебра  rnrnИ покрај тоа што бременоста со зонки бебе е најчесто успешна, сепак ретки се случаите на спарување на магаре и зебра. Родителите на Ипо се сретнале во животинско засолниште во Фиренца. Еден ден зебрата Мартин ја прескокнал оградата, упатувајќи се кон магарицата Џада, со која се спарил. Дванаесет месеци подоцна, Џада ја родила неодоливо слатката Ипо, која сега е стара 4 месеци.rnrnВака изгледа детенце на магарица и зебраrnrnЗеброидите како Ипо ги имаат карактеристиките на двата родители (физички и карактерно). Овие ретки суштества во најголем дел го имаат магарешкиот изглед, со нозе во пруги. Најчесто се неплодни, како резултат на одвишниот број хромозоми кои го попречуваат процесот на репродукција. Сè уште не е познато дали Ипо ќе има можност да создаде свое поколение или не, но таа дефинитивно ќе живее здрав и убав живот.rnrnВака изгледа детенце на магарица и зебра  Вака изгледа детенце на магарица и зебра  Вака изгледа детенце на магарица и зебра  Вака изгледа детенце на магарица и зебра  Вака изгледа детенце на магарица и зебра  Вака изгледа детенце на магарица и зебра
rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.