Госпоѓата Ивена Смаилес неодамна го прославила својот 105-ти роденден, но на еден сосема необичен начин. Оваа бабичка живее во дом за стари лица во Велика Британија, а таму се случило големо изненадување за неа.rnrn
rnrnВработените во домот пред роденденот ја прашале дали има некоја посебна желба за нејзиниот подарок, а таа без двоумење им рекла дека сака тортата да ѝ ја донесе „пожарникар со тетоважи“. И, погодете што? Тетка Ајви, како што ја нарекуваат во домот, го добила најневеројатниот подарок.rnrn
rnrnНа денот на нејзиниот роденден, пожарник се качил по надворешни скалила до третиот кат и со тортата в рака влегол преку прозорецот во собата на оваа супер бабичка.rnrn
rnrnДебра Картер, една од вработените во домот каде што живее госпоѓа Ивена, вели дека оваа жена има неверојатна смисла за хумор. Таа објаснува дека секоја година им дава по некој предизвик на вработените во домот кога станува збор за нејзиниот роденденски подарок.rnrn
rnrnСупер бабичката ја посетиле не еден, туку петмина пожарникари.rnrn
rnrnСреќен роденден тетка Ајви!
Супер бабичка наполни 105 години: Посакала пожарникар со тетоважи да ѝ донесе торта
