Кога размислуваме за чување милениче, изборот најчесто се сведува на маче или куче. Кучињата имаат потреба од поголема грижа и ги разбираат човечките емоции подобро, а мачките се понезависни животни.rnrn
rnrnСпоред многу истражувања, кучињата имаат шесто сетило и се многу почувствителни на човечки емоции. Покрај тоа, тие можат да почувствуваат дали на некој може да му се верува.rnrnВо истражување спроведено од Акико Такаока од Универзитетот во Кјото, Јапонија, се открило дека кучињата нема да ѝ веруваат на личност што ги излажала и можат да одредат дали некој не е искрен.rnrnВо експериментот кој се состоел од три дела учествувале 34 кучиња. Во првиот дел, сопствениците им посочувале кон садови со храна и кучињата трчале кон нив. Во вториот дел сопствениците покажувале кон садови без храна и ги лажеле кучињата да трчаат кон нив. Во третиот дел кучињата не го следеле посочувањето на сопствениците. Тие користеле минато искуство за да одредат дали личноста е искрена.rnrnКога личноста има лоши намери или сака да направи нешто лошо, се забрзува чукањето на срцето и се зголемува лачењето на одредени хемикалии како адреналин. Ова прави личноста да се поти повеќе од вообичаено. Бидејќи кучињата имаат силно сетило за мирис и се свесни за секое движење, можат да ги забележат овие промени кај човекот.rnrnИнстинктите на кучињата се многу остри и можат да почувствуваат опасност и лоши вибрации. Реагираат така што почнуваат да се плашат или се премногу агресивни.rnrnПовеќе истражувања докажале дека кучињата се чувствителни на социјални знаци и се екстремно лојални на сопствениците. Исто така се обидуваат да контролираат како другите комуницираат со нивните сопственици.rnrnВо еден експеримент, сопствениците на кучиња барале помош од луѓе, а потоа овие луѓе им понудиле храна на кучињата. Кучињата ја прифатиле само храната од луѓето што му помогнале на сопственикот.rnrnНаучно е докажано дека кучињата се интелигентни суштества, но нивната интелигенција е многу поразлична од нашата.rn
„Кучињата се многу чувствителни на човечкото однесување. Но живеат во сегашниот момент, не размислуваат за минатото и не се способни да прават планови за иднината“, изјавил Џон Бредшо од Ветеринарниот факултетот во Бристол.
rnКучињата можат да ги толкуваат нашите гестикулации и емоции, разбираат социјални знаци и знаат дали некој е искрен врз основа на минати искуства.rnrnПа, кога следниот пат вашето куче ќе биде сомнително за некого, можеби треба да обрнете внимание на неговото однесување. Ако вашето куче е среќно и ѝ верува на некоја личност тоа ќе скока и ќе си игра околу таа личност. Ако почне да се однесува чудно, да се плаши, да бега од личноста или да биде агресивно, подобро внимавајте на таа личност.rnrnПогледнете и на кои начини кучињата ви ги читаат мислите.
