Без разлика дали сакате да го испланирате вашиот меден месец, продолжениот викенд за Денот на вљубените или едноставно сакате да побегнете со партнерот, паровите треба да одат на посебни и романтични одмори. Немојте да одбирате какво било место колку да се рече. Ова се 6-те најромантични места во светот кои се идеални за вашето патување со саканата личност…rn
1. Бора Бора
rn
rnrnБора Бора е еден од најубавите острови во Француска Полинезија. Островот е егзотичен, екстравагантен и неверојатен благодарение на песочните плажи, бујните шуми и сините лагуни. Ќе ви треба малку поголем буџет за ваков одмор, но ова е една од најпопуларните дестинации за меден месец и има добра причина за тоа. Поголемиот дел од луксузните хотели на островот вклучуваат бунгалови со подови од стакло изградени на кристално синиот океан.rn
2. Париз, Франција
rn
rnrnГо викаат Градот на светлината, но слободно може да се нарече и Градот на љубовта. Ќе видите многу парови како се бакнуваат покрај Ајфеловата кула и реката Сена. Нема да погрешите доколку одберете некој од многуте прекрасни ресторани за да ја прославите вашата љубов со шише вино.rn
3. Санторини, Грција
rn
rnrnСекогаш кога ќе го посетите најсликовитиот остров во Грција, одново и одново ќе се вљубувате во него. Соберете го вашиот партнер, однесете го во една од многуте приватни вили со поглед на море и уживајте во вечера со свеќи додека гледате како небото добива огнено портокалова и црвена боја.rn
4. Венеција, Италија
rn
rnrnВенеција е како измислена за сите вљубени парови благодарение на нејзиниот шарм, необични канали и кафулиња на отворено. Изгубете се во многуте градски улички и одете на опера. Никако не заминувајте без да се возите на гондола!rn
5. Бордо, Франција
rn
rnrnАко сакате да јадете вкусна храна и да пиете квалитетно вино, ова е совршеното место за вас! Поголемиот дел од рестораните се сместени во замоци од 18-тиот век и можат да се пофалат со голем број Мишелински ѕвезди, огромни вински листи и богати регионални специјалитети како што е стек во нивниот познат сос и остриги.rn
6. Британски Девствени Острови
rn
rnrnАко сакате мирно бегство на место со тропска клима, ова е совршената дестинација за вас. Хотелите се мали и изолирани, а плажите се диви и природни. Изнајмете приватен брод за да ги посетите и околните мали острови, почестете се со романтична вечера на плажа или едноставно релаксирајте се под карипското сонце.