Автор: Сара ТурановиќrnrnДали знаевте дека вашиот парфем открива многу за вас? Дознајте нешто повеќе за себе, според тоа каков парфем користите.rnrn
rnrnТипот на парфеми што ги користите зборува многу за една жена? Дали повеќе сакате цветни или интензивни? Погледнете во која категорија спаѓа вашиот парфем, а потоа прочитајте што тој открива за вас.rn
1. Цветни, разиграни мириси
rnОбожавате парфеми кои потсетуваат на цветна ливада. Овие парфеми во себе содржат јасмин и магнолија.rnrnИзглед: Романтичните луѓе како вас сакаат карнери, нежни ткаенини и сладок, нежен накит.rnrnЉубовен живот: Сонувате за голема љубов, и воглавно ја наоѓате. Во врската вложувате многу за да го усреќите партнерот, но само ако тој ве држи како капка вода на дланка. Ве привлекуваат жешки, негувани мажи.rnrnТемперамент: Зрачите со оптимизам. Затоа што во секој го гледате само доброто, често останувате разочарани.rnrnСлабости: Сакате сите да мислат добро за вас. Понекогаш сте површни. Внесувате поголем напор за да остварите некоја цел.rn
2. Интензивни и ориентални мириси
rnВи се допаѓаат егзотични ароми од ѓумбир, кедар, мандарина, јасмин и сандалово дрво.rnrnИзглед: Изразено сензуален тип. Сметате дека сте убави. Носите облека која ја истакнува вашата фигура и префинета долна облека. Многу жени кои го сакат овој мирис имаат долга коса, која ја нагласува нивната женственост.rnrnЉубовен живот: Спремни сте да го дадете вашето срце на вистинскиот, но не се сите мажи дораснати на вашата женственост.rnrnТемперамент: Цврсто стоите зад вашите чувства и потреби. Во караниците реагирате импулсивно, но брзо простувате.rnrnСлабости: Поради тоа што сакате да ги покажете вашите женски атрибути понекогаш може да претерате. Имајте на ум: помалку често значи повеќе.rnrn
rn
3. Освежителни ароми
rnКористите парфеми кои имаат освежителна арома на грејпфрут и портокал.rnrnИзглед: Затоа што во сѐ сте умeрени, бирате едноставни, спортски кроеви и светли бои. Вашата шминка е секогаш дискретна.rnrnЉубовен живот: Вие барате маж со кој навечер би шетале во парк, со кој би можеле да трчате и да планинарите, но и кој ќе ви биде добар пријател и верен партнер. Мачо типовите немаат никакви шанси кај вас.rnrnТемперамент: Вашата активна природа кај некои предизвикува нервоза. Не би било лошо во текот на денот да одвојувате време и да не правите ништо.rnrnСлабости: Премногу сте активни, и тоа го очекувате од другите. Запрете малку.rn
4. Слатки мириси
rnСакате парфеми кои ја нагласуваат женственоста. Аромата на ванила ве потсетува на детството, а слаткиот иланг-иланг дејствува како магнет на мажите.rnrnИзглед: Вие сте ведра личност која сака да ја покаже својата женственост, но не на нападен начин. Никогаш не носите штикли, бидејќи ви е потребен цврст терен под вашите нозе.rnrnЉубовен живот: Ви треба потпора во животот и затоа барате маж кој ќе ве заштити. Може и да биде малку корпулентен, но важно е пријатно да мириса. Од партнерот очекувате посветеност.rnrnТемперамент: Понекогаш тажно заклучувате дека секојдневните проблеми ви ја одземаат онаа леснотија што ја чувствувате додека фантазирате. Бидете опкружени со личности кои ви пружаат стабилност.rnrnСлабости: Не поднесувате самотија. Зошто толку се плашите? Имате многу повеќе енергија отколку што мислите.rnrn
rn
5. Ароматични мириси
rnСакате ненаметливи, земјени ароми, какви што често се користат во правењето на машките парфеми.rnrnИзглед: Самоуверени сте и не сакате да ве ценат само заради изгледот. Затоа во облекувањето користите едноставни кроеви и ненападни бои. Накитот го користите штедливо.rnrnЉубовен живот: Вие точно знаете што сакате и како да го остварите тоа. Тоа го правите така мудро и шармантно што вашиот партнер не може да ве одбие. Барате личност која ќе ви пружи доволно слобода за вашите интереси.rnrnТемперамент: Амбициозни сте и доследни. Многу сте великодушни, и тогаш кога работите не се онакви како што сте ги замислиле. За возврат очекувате искреност и лојалност.rnrnСлабости: Не можете да го исклучите мозокот и да го отворите срцето. Препуштете им се и вие понекогаш на емоциите!rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.