КАФЕ ПАУЗА

Што не е во ред со оваа фотографија и зошто само мажите не можат да сфатат што се случува?

Една фотографија од две заљубени птички на одмор го освои целиот Интернет бидејќи изгледа како горниот дел од раката на девојката целосно да исчезнал или пак, како да држи палма! Најпрво, откако таа била објавена на социјалните мрежи, луѓето не можеле да сфатат што се случува на неа, но брзо потоа жените ја здогледувале причината за илузијата, а мажите продолжиле да ја набљудуваат со прашалници околу главите.rnrnshto-ne-e-vo-red-so-ovaa-fotografija-i-zoshto-samo-mazhite-ne-mozhat-da-sfatat-shto-se-sluchuva-www.kafepauza.mkrnrnТоа што луѓето не можат да го забележат на оваа фотографија е еден важен детаљ од женскиот стил што постои откако знаеме за модата. Со оглед на тоа што мажите неретко не забележуваат што носат жените, оваа фотографија лесно може да им ги измами очите на многу начини.rnrn„Има чанта“, жена по жена пишувале во коментарите на објавената фотографија. „Нејзината чанта и косата ја прават оптичката илузија.“ Но и покрај тоа, мажите едноставно не можат да го изострат погледот доволно добро за да ја направат разликата меѓу стеблото на палмата и чантата на жената.rnrnОваа случајна оптичка илузија само го потврдува она што секоја жена што некогаш била во врска со маж може да ви го каже: понекогаш е потребно нешто навистина необично, за тој да ја забележи новата облека, новата фризура, новата нијанса на кармин или фактот дали имате доволно сила да кренете цела палма во своите раце.