КАФЕ ПАУЗА

Последната желба на оваа девојка која е на смртна постела ќе ви предизвика солзи во очите

Последната желба на оваа девојка која е на смртна постела ќе ви предизвика солзи во очите

Нардја Милер е 25-годишна шминкерка од Бризбејн, Австралија. Таа боледува од цистична фиброза целиот нејзин живот. На Нардја ѝ биле пресадени бели дробови во 2014 година, но веќе ѝ е смачено од оваа битка без крај. Имено, нејзиното тело ги отфрлало донираните органи.rnrnПоследната желба на оваа девојка која е на смртна постела ќе ви предизвика солзи во очитеrnrnОткако ги добила вестите дека ѝ преостанува уште само една недела живот, таа ја објавила нејзината последна порака на Инстаграм која гласи:rn

„Можеби те познавам целиот мој живот, можеби те познавам 10 години, можеби те познавам кратко време, но за една недела нема повеќе да те познавам. Никогаш повеќе нема да го видам твоето лице, никогаш нема да ти проговорам, да те допрам, прегрнам, никогаш.rnrnНо, секогаш ќе те сакам, тебе и пријателството што сме го изградиле, сеќавањата што сме ги создале.rnrnРаботите понекогаш не одат онака како што сме планирале. Постојат многу големи нешта што никогаш нема да ги имам, места што никогаш нема да ги посетам и работи што никогаш нема да доживеам да ги видам. Но, ќе гледам. Секогаш. Со насмевка. Затоа што сум била тука.rnrnНикогаш нема да се откажам. Никогаш не сум се ни откажала. Но, сега морам да заминам.“

rnПоследната желба на оваа девојка која е на смртна постела ќе ви предизвика солзи во очитеrnrnПотоа, таа напишала што посакува другите да направат:rn

„Ве преколнувам да го живеете животот со полни гради.“

rnНејзиниот свршеник Лиам Фицџералд го потенцирал значењето на донацијата на органи.rn

„Единствениот начин на кој луѓето можат да добијат втора шанса во животот е преку донирањето органи“, изјавил Лиам.

rnПоследната желба на оваа девојка која е на смртна постела ќе ви предизвика солзи во очитеrnrnМилер е моментално на палијативна нега и носи маска за кислород 24 часа во денот. Не може да си оди дома. Нејзиниот братучед ја отворил страната GoFundMe со цел да исполни уште една од последните желби на Милер: Нејзиниот свршеник да биде ослободен од сите долгови кога таа ќе почине. Досега имаат собрано повеќе од 26.000 долари што ја надминува нивната посакувана сума од 10.000 долари.rnrnПоследната желба на оваа девојка која е на смртна постела ќе ви предизвика солзи во очитеrnrnВаквите трогателни приказни нѐ принудуваат да се запрашаме дали го живееме животот онака како што сакаме и дали ги користиме сите можности што тој ни ги нуди. Остварете ја последната желба на Нардја Милер и живејте со полни гради!