Се прашувате како изгледа светот погледнат преку очи на мачка? Базичната структура на мачкините очи е доста слична со онаа на луѓето, но видот на мачката се прилагодува за различни потреби, па иако светот што тие го гледаат е сличен на нашиот, сепак се разликува. Како предатори, тие мораат да бидат во можност да забележат движење дури и при минимална светлина.rnrn
rnrnАртистот Николај Лам во својот последен проект ни прикажува како изгледа светот, погледнат преку очи на мачка. Во консултација со офталмолози од ветеринарниот факултет на Универзитетот во Пенсилванија и други специјалисти од тоа поле, тој успеал да ги направи овие визуелизации, на кои е направена споредба како гледаат луѓето, а како мачките. На горните фотографии е прикажан видот на луѓето, спореден со видот на мачките на долната фотографија.rnrn
rnrnПри создавање на овие фотографии тој зел предвид многу факти. Матните рабови на сликата ја претставуваат нашата периферна визија. Луѓето имаат домет од 20 степени на периферна визија на двете очи, додека кај мачките тој домет изнесува 30 степени. Нивното визуелно поле во целост е поголемо од човековото. Тие гледаат под агол од 200 степени, додека ние под агол од 180.rnrn
rnrnНивниот поглед од далечина е ужасен. Тоа што ние луѓето можеме да го видиме од 30 метри, тие можат да го здогледаат од 6 метри. Истражувањата покажуваат дека мачките гледаат сини и жолти тонови, но не ги гледаат црвените, портокаловите и кафените. Затоа фотографиите со нивниот поглед делуваат како да се испрани. Сепак, за разлика од луѓето тие гледаат 8 пати подобро во темница.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
