КАФЕ ПАУЗА

Откријте го волшебниот свет на Мароко: Земјата за која сите чуле, но малкумина ја познаваат

Откријте го волшебниот свет на Мароко: Земјата за која сите чуле, но малкумина ја познаваат

Мароко е само неколку километри оддалечено од брегот на Европа, но сепак животот тече сосема поинаку во оваа земја. Мароко не само што е извор на највкусните мандарини во светот, туку е и место богато со стари традиции, архитектонски ремек-дела и неверојатни пејзажи. Прочитајте ги следниве интересни податоци за оваа земја и запознајте се со уникатната атмосфера што владее во волшебното Мароко…rn

1. Во Мароко се наоѓа најстариот универзитет во светот

rnОткријте го волшебниот свет на Мароко: Земјата за која сите чуле, но малкумина ја познаваатrnrnНајстариот универзитет во светот бил основан во 859 година од н. е. од страна на Фатима ал-Фихри, ќерка на богат трговец. За разлика од европската традиција, старите арапски универзитети не давале дипломи. Поентата била да се научи од индивидуални ментори. Дури во 1947, Ал Карауин станал „универзитет“ во европска смисла на зборот.rn

2. Има снег во Африка

rnОткријте го волшебниот свет на Мароко: Земјата за која сите чуле, но малкумина ја познаваатrnrnВо зима може да скијате, да се санкате, да бордате и да направите снешко во Мароко. Пријатниот скијачки центар Окајмеден е скриен во срцето на планините Атлас, на 74 километри од Маракеш. Снегот се задржува од декември до почетокот на април.rn

3. Голем број познати филмови и ТВ серии биле снимени во Мароко

rnОткријте го волшебниот свет на Мароко: Земјата за која сите чуле, но малкумина ја познаваатrnrnУбавината на локалниот пејзаж ги маѓепсува најпознатите филмски режисери во светот. Уште од успехот на легендарниот филм „Лоренс од Арабија“ (Lawrence of Arabia) во 1960-тите години, стотици високо буџетни проекти почнале да снимаат филмови во Мароко секоја година. Во 1983, земјата станала домаќин на едно од најголемите филмски студија во светот: Студиото Атлас. На филмските сетови во Атлас биле снимени „Гладијатор“ (Gladiator), „Александар“ (Alexander), „007: Спектар“ (007: Spectre) и култната ТВ серија „Игра на тронови“ (Game of Thrones).rn

4. Не смеете да фрлате леб во Мароко

rnОткријте го волшебниот свет на Мароко: Земјата за која сите чуле, но малкумина ја познаваатrnrnМароканците јадат многу леб и сите му покажуваат голема почит на овој прехранбен производ. Семејствата никогаш не ги фрлаат остатоците од лебот, туку ги користат за да ја нахранат стоката со нив. Ако не чуваат домашни животни, стариот леб може да се замени со разни корисни работи, како на пример сапун или детергент.rn

5. Не смеете да истурате врела вода во лавабото

rnОткријте го волшебниот свет на Мароко: Земјата за која сите чуле, но малкумина ја познаваатrnrnОваа забрана нема никаква врска со водоинсталациите. Мароканците веруваат дека во сите места каде што има вода (јавни бањи, чешми, одводи) живеат Џинови. Ако истурите врела вода во лавабото, може да налутите некој Џин. Токму затоа, секогаш треба да ја помешате со ладна вода пред да ја истурите.rn

6. Мароко е поблиску до Европа одошто мислите

rnОткријте го волшебниот свет на Мароко: Земјата за која сите чуле, но малкумина ја познаваатrnrnГибралтарскиот Проток што ги одвојува Мароко и Европа е широк само 16 километри. Ако застанете на мароканскиот брег, ќе може да гледате како се движат возилата на шпанскиот брег. Освен тоа, двете шпански енклави Сеута и Мелилја се наоѓаат внатре во територијата на кралството. Тоа значи дека можете да завршите во Европа без да го напуштите Мароко!rnrnПродолжете на следната страница за останатите интересни податоци…rnrn