Пријателството помеѓу различни животински видови е секогаш симпатично за набљудување. Овојпат, неверојатното пријателство помеѓу семејство орангутани со некои видри во белгиската зоолошка градина го привлече вниманието на Интернет и ги освои срцата на многумина.rnrn
rnrnОрангутаните и видрите за првпат се сретнале кога вработените во зоолошката градина „Паири Даиза“ во Бругелет ја отвориле патеката на видрите низ делот каде се сместени орангутаните. Па така се формирала здрава, магична врска меѓу двата вида.rnrnСимпатичните фотографии многу кажуваат, затоа продолжете да читате и подгответе се да се изненадите и да се појави широка насмевка на вашите лица. Следуваат информации добиени од Матие Гедефро, портпарол на зоолошката градина „Паири Даиза“.rn
Семејство орангутани посебно се поврзало со група видри во белгиската зоолошка градина
rnОва е тато Уијан кој има 24 години.rnrn
rnrnТој формирал особено силна поврзаност со видрите.rnrnТато Уијан кој има 24 години, мама Сари (15) и нивниот син Берани (кој штотуку наполнил 4 години) го сочиниваат семејството орангутани во зоолошката градина. На една од фотографиите, Берани игра криенка со своите мали азиски пријатели видри.rnrn
rnrnМатие изјавил дека орангутаните и видрите главно играат брканица или криенка. Видрите се криеле под големи стебла на дрва или дрвени конструкции, тогаш Берани, бебето Орангутан, доаѓало да ги бара. Понекогаш, по некое време излегувале и го задевале. Навистина било неверојатно да се види како си играат.rnrnСпоред Матие, зоолошката градина вложувала многу во збогатување на нивните животински домови. Тоа не значело само на големината, туку и квалитетот на животот бил многу важен. Еден од начините на кој се правело тоа (покрај доставувањето храна, правење сложувалки, организирање мисловни игри, поставување на нови лулашки или нови дрва) било и доближување на животни кои можат да комуницираат едни со други во блиски или исти простории на кои им давале можност да се гледаат едни со други.rnrnНивните горила живеат заедно со мајмуни колуби, пингвините живеат со фоки, кенгурите го делат својот дом со пеликани, има верверички кои живеат со лилјаци, носорог со пеликани, жирафи со ноеви, азиски слонови со азиски газели, зебра со биволи итн.rnrnМатие потврдил дека зоолошката градина во моментов е затворена за јавноста сè додека не се дозволи повторно да се отвори. Во моментов и Белгија се соочува со блокада поради коронавирусот. Но, ова не ги запира секој ден да им пружаат најдобра нега на животните.rn
Ова е 4-годишниот Берани кој сака да игра со своите пријатели и е премногу симпатичен
rn
rnrnБерани е љубопитен мал орангутан и сака да си игра криенка.rnrnДва фактори биле многу важни за благосостојбата на животно кое е затворено: големината на неговиот затворен простор, но и квалитетот на неговото живеалиште. Тоа значи дека животните, уште повеќе кога орангутани се во прашање, со кои луѓето делат 97% од својата ДНК, мора да се забавуваат, ангажираат, предизвикуваат и исполнуваат ментално, емоционално и физички во секое време.rnrnМатие истакнал дека уште од 2017 година, кога орангутаните се преселиле од Германија во зоолошката градина „Пари Даиза“ видрите едноставно сакале да комуницираат со своите „големи крзнени пријатели“.rnrn
rnrnВоглавно, бебето Берани и тато Уијан развиле многу посебна приврзаност со соседите, споделил Матие. Доближувањето го направило животот на двата животински видови позабавен и поинтересен, што го направило експериментот многу успешен.rnrnНасадите со палми во Борнео и Суматра се закана за популацијата на орангутани кои се таму. Матие изјавил за CNN дека зоолошката градина „Паири Даиза“ собрала средства за да се засадат 11.000 дрва во Борнео за да се обнови шумата и да им се помогне на тамошните орангутани.rnrnЛуѓето обожуваат да гледаат фотографии на кој животните си играат заедно.rnrnМожеби сакате да ги погледнете и овие 19 фотографии кои докажуваат дека и животните имаат чувства.