Дали вашата замисла за рај подразбира тропски остров со кристално бистри води и еден куп кучиња? Звучи неверојатно, се согласувате? Подгответе се за вистинско изненадување, бидејќи таков остров навистина постои и можете да го посетите.rnrn
rnrnОваа земја од соништата се наоѓа на островите Туркс и Кајкос на Бахамите каде што организација по име Potcake Place обезбедува засолниште за уличните кучиња на островот. Кучињата се од расата поткејк (Potcake) којашто потекнува од неколку Карипски острови. Станува збор за мешана раса на куче што го добила името по смесата од ориз и грашок со која жителите на островот ги хранат кучињата. Иако оваа раса нема стандарден изглед, кучињата најчесто имаат долги лица, заострени уши и меко крзно.rnrn
rnrnОва засолниште дозволува да одите на плажата и да се дружите со некое од кучињата. Слободно можете да му ја дарите вашата љубов на некое крзнено пријателче и да уживате во попладне исполнето со пливање и песок. Ако се вљубите во кученцето за време на вашата игра, можете да го посвоите бесплатно иако засолништето бара од посвојувачите да направат некаква донација за да им помогнат. Тие дури и ќе се погрижат да стигнете дома безбедно.rnrn
rnrn
rnrnСепак, постојат неколку услови што треба да ги исполните за да посвоите куче. Според веб-сајтот на организацијата мора да имате барем 25 години и сите во домот мора да разбираат дека посвојувањето куче е 10-15-годишна обврска што треба да се сфати сериозно.rnrn
rnrnМожете да побарате кои кучиња се достапни за посвојување и да отидете таму за да го запознаете вашето омилено во живо. Фактот што постои остров полн со кучиња е доволна причина зошто би требало да ги посетите Туркс и Кајкос.rnrn
rnrnПогледнете ги овие кучиња кои се едноставно премногу емотивни и слатки.
Обожавате кучиња? Дефинитивно треба да го посетите овој остров полн со мали крзнени пријателчиња!
