Високите температури полесно се поднесуваат со боси стапала. Поради тоа, воопшто не е чудно што многу луѓе се одлучуваат за обувки како што се апостолките. Но, експертите предупредуваат дека постојат оправдани причини зошто би требало да престанете да го носите овој вид обувки, бидејќи и покрај тоа што станува збор за летен хит, тие можат сериозно да го загрозат вашето здравје.rnrn
rn
1. Апостолките предизвикуваат болести
rnСтапалата во апостолки се поизложени на бактерии и вируси. Тоа може да биде голем проблем доколку сте ја оштетиле кожата или сте се исекле, бидејќи на тој начин тие причинители на многу болести можат да влезат во вашиот организам и да ви предизвикаат многубројни здравствени проблеми.rn
2. Апостолките ве забавуваат и ве прават несмасни
rnСпоред едно истражување спроведено од страна на Универзитетот во Аубрун, луѓето кои носат апостолки прават помали чекори и со тоа побавно одат од луѓето кои носат патики. Конструкцијата на апостолките е таква што не им дава многу стабилност на стапалата, па ако одите по нерамен терен, на пример на плажа, постои поголема веројатност дека ќе се сопнете и паднете.rn
3. Апостолките ги уништуваат петите и прстите
rnОдењето во апостолки претставува особено оптоварување за петите. Гумата или пластиката од која тие се направени не го ублажуваат тоа оптоварување, што предизвикува болка во петите и нозете ако ги носите подолг период. Освен тоа, честото носење апостолки може трајно да го промени изгледот на прстите на нозете, кои поради тоа што мораат да ги одржуваат обувките на стапалата, често се накривуваат. Токму тоа може да предизвика голем медицински и естетски проблем.rn
4. Апостолките создаваат плускавци
rnПлускавците помеѓу прстите се честа последица од носењето апостолки, што не е воопшто чудно со оглед на фактот што овој вид обувки се одржува на нозете со помош на тврдо парче пластика или ткаенина. Оштетувањето на кожата на стапалата дополнително го загрозува здравјето поради изложеноста на веќе споменатите бактерии од околината.rn
5. Апостолките предизвикуваат болки и го менуваат телото
rnОвој вид обувки не нудат стабилност поради што луѓето кои ги носат одат подгрбавени, а тоа може да предизвика проблеми со ’рбетниот столб, колковите и колената. Од истата причина апостолките не се препорачуваат на луѓе со рамни стапала.