Автор: Зорица ТодороваrnrnРакавиците (слично како и чорапите), иако создадени да бидат дел од пар, честопати знаат да завршат сами и неупотребливи. Кога веќе сте загубиле некоја ракавица, размислете повторно пред да ја фрлите другата: од неа може да направите прекрасна играчка која би била совршен новогодишен подарок за некој од вашите најмили најмали. :)rnrn
rn
Потребни материјали:
rn
- rn011
- 1 кафеава ракавица
- Памук за полнење
- 2 чистачи за цевки (едниот исечете го на половина)
- Конец за везење или волница (кафеав, темно-кафеав, бел, портокалов, црн)
- 1 дрвено монистро
- Фломастер или маркер
- Ножици
- Игла
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Постапка:
rnПревртете ја ракавицата од обратната страна, со фломастерот одбележете ги линиите за сечење како на сликата. Секој дел посебно фатете го со игличка, зашијте го по рабовите на одбележаната линија околу 3 мм со кафеав конец.rnrn
rnrnСега секој од зашиените делови завртете го повторно од другата страна. Трите цевки свијте ги на половина во U облик, притоа двете пократки ставете ги во нозете, а подолгата во опашката. Потоа нозете и опашката наполнете ги со памук, исто така и телото, главата и рацете. Не ги полнете ушите.rnrnСо подебел конец зашијте ги телото, рацете и опашката оставајќи 5 мм простор од отворот за главата. Рабовите на отворот навлечете ги навнатре и сега зашијте го (со тоа го затворате).rnrn
rnrnЗадниот дел на главата свиткајте го во следниот редослед: лево, десно, долу, горе и зашијте го да се затвори.rnrnОтворените делови на ушите стиснете ги заедно и ставете ги на задниот дел на главата. Зашијте ги.rnrn
rnrnНа опашката, со двоен убод направете линија од белиот конец. На истиот начин употребете ги и портокаловиот и темно кафеавиот конец, со растојание помеѓу линиите помалку од 1 см.rnrnЗашијте ги главата, рацете и опашката на телото. Употребете црн конец за очите, а дрвеното монистро ќе ви биде нос. За крај, свиткајте ги нозете за да направите стапала. Свиткајте ја и опашката.rnrn
rnrnВашата верверичка е готова!rnrn
rnrnA eве какви други животинки може да направите на истиот начин од чорапи и ракавици.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
