Најверните раси кучиња

Сподели

Кучињата умеат одлично да се социјализираат со луѓето и да се приврзат кон нив. Со кучињата делиме заедничка потреба за друштво, наклонетост и верност и затоа можеме со нив да формираме силни врски кои траат додека сме живи. Овде избравме неколку раси кои најлесно се приврзуваат кон луѓето и остануваат верни, иако секое куче може да биде најлојалното на светот ако е третирано како дел од семејството.rn

Реклама

Шкотски овчар

rnФилмовите со Леси направија легенда од шкотскиот овчар, но неговиот углед е сосема заслужен. Тој е едно од најинтелигентните кучиња, многу се приврзува за сопственикот и секогаш е пријателски настроен кон децата. Него го краси смиреност и индивидуалност. Никогаш не му здодева човечко друштво.

rn

Германски овчар

rnГерманскиот овчар има репутација на опасно куче поради тоа што се користи во полициските акции благодарение на неговата интелигенција. Претпазлив е кога пред него ќе се појави странец и може да го заплаши. Но, штом еднаш запознае некој, со него ќе формира силна врска која ќе трае додека е жив. За да дојде до израз неговата добра страна, неопходно е да биде добро дресиран.

rn

Лабрадор ретривер

rnЛабрадор ретриверот е најпопуларен од семејството на лабрадори, меѓу другото поради неговата исклучителна верност. Лесно ја освојуваат околината со својот жив темперамент, бескрајна енергија, интелигенција и пријателски однос кон децата. Многу е добар со луѓе, но ако неговиот сопственик е нападнат, нема да се колеба да го одбрани.

rn

Бретански шпаниел

rnБретанскиот шпаниел знае да заврши одлична работа кога оди во лов на птици, но тој исто така е еден од најдобрите другари на човекот. Многу се лојални, лесно се учат на добри навики и обожаваат да се галат.

rn

Мастиф

rnМасивниот мастиф има застрашувачки изглед, но тоа не зборува ништо за неговиот карактер. Тој всушност, е еден нежен џин којшто е пријателски настроен кон сопственикот, одличен е кон децата, а знае да се спријатели и со помали кучиња од другите раси.

rn

Боксер

rnБоксерот важи за куче со кое тешко може човек да излезе на крај, но тоа се однесува само на оние кои претставуваат опасност за неговиот сопственик. Инаку се работи за куче кое лесно се дресира, многу сака да си игра на отворен простор и со луѓето што ги познава.

rn

Златен ретривер

rnЗлатниот ретривер спаѓа во оние кучиња кои секој сака да ги види како му трчат во дворот. Секогаш е добро расположен и добро се однесува со сите. Децата го обожаваат поради постојаната желба да си игра и да се гали.

rn

Бернардинец

rnОгромниот бернардинец делува застрашувачки и затоа многумина го чуваат дома за да ги исплаши евентуалните натрапници. Но, кога станува збор за односот со сопствениците, тој е прекрасно куче. Секогаш се труди да им угоди, а знае да си игра и со деца.

rn

Кувас

rnЛојалноста на оваа раса со потекло од Унгарија, доаѓа оттаму што тој нема да се колеба да го одбрани својот пријател дури и кога е нападнат од крволочно животно. Кога не е соочен со ваков предизвик, сака да си игра и да трча на отворен простор.

rn

Бигл

rnОние кои од своето куче не бараат да го чува домот од натрапници, можат слободно да вдомат бигл. Тоа куче толку е многу пријателски расположено, што се однесува добро дури и кон оние што првпат ги гледа. Се труди на секој начин да му причини задоволство на сопственикот и одлично реагира на деца.

Популарно

Може ќе ве интересира