КАФЕ ПАУЗА

Најпознатите плажи од списанието „Sports Illustrated“

Најпознатите плажи од списанието Sports Illustrated

Written by

in

Секоја година во февруари излегува нов број на модното списание специјализирано за костими за капење, „Sports Illustrated Swimsuit Issue“. Фотографиите се прават на најегзотичните места ширум светот, а ова се плажите кои се нашле на насловните страници. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

Шарк Беј, Австралија

rnШарк Беј е прекрасна плажа која се наоѓа северно од Перт. Црвените песочни дини, тиркизната вода и делфините привлекуваат илјадници туристи годишно. Во 1985 година, „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ ја донесе Полина Поришкова во Шарк Беј, каде што младиот модел позираше за нејзината втора насловна страна. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

Мауи

rnМауи е вториот најголем хавајски остров познат белите песочни плажи и кристално сината вода. На Мауи можете да уживате во неповторливата глетка на изгрејсонцето преку вулканската карпа Халеакала. Овој остров беше одлично место за насловната фотографија од ланскиот број на Sports „Illustrated Swimsuit Issue“, кога позираше рускиот модел Ирина Шеик. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

Домениканска Република

rnДомениканската Република претставува прекрасна мешавина од шпанска, африканска и локална култура, храна и историја. Таа го дели островот Хиспаниола заедно со Хаити. Прекрасните доменикански плажи може да ги видите во „Sports Illustrated Swimsuit Issueод 1987 година, кога на насловната страна се најде популарната Ел Макферсон. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

Фангнга Беј, Тајланд

rnЗаливот Фангнга се смета за национално богатство на Тајланд, поради што тајландската влада сака Обединетите Нации да го прогласат ова место за светско културно наследство. Во далечната 1988 година, Ел Макферсон се појави уште еднаш на насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“, овој пат позирајќи на карпестото крајбрежје во близина на Пукет. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

Сејшелите

rnРомантичните Сејшели сместени во Индискиот Океан претставуваат одлично луксузно засолниште за љубителите на нуркањето и риболовот. Овие острови имаат тропска температура во текот на целата година, а во 1979 година песочните плажи на Сејшелите се најдоа на насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ заедно со моделот Кристи Бринкли. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

Ланзароте, Шпанија

rnВо 1992 година Шпанија беше во центарот на вниманието на светската јавност, не само заради Олимписките игри кои се одржаа таа година во Барселона, туку и заради вулканскиот остров Ланзароте, познат по плажите Плаја Бланка и Пуерто дел Кармен, кој заедно со американскиот модел Кети Ајленд се најде на насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

Јамајка

rnЗемјата на реки и потоци, како што уште се нарекува Јамајка, во 1983 година ја красеше насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“. Американскиот модел Шерил Тигс беше фотографирана под водопадите на реката Дан, во близина на гратчето Очо Риос. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

Кенија

rnВо 1982 година, американскиот модел Керол Алт, се најде на насловната на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“, позирајќи на зајдисонце, на коралниот крајбрежје на Кенија, облечена во црвен костим за капење. И додека синооката убавица беше во преден план, во позадина се протегаше Индискиот Океан по кој пловеа белите едрилици. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

Јужна Африка

rnНајвпечатливите места во Јужна Африка, пустината Калахари, африканските резервати и полуостровот Кејп, се места кои не само што се привлечни за туристите, туку и за „Sports Illustrated Swimsuit Issue“. Во 1996 година, американската манекенка Тајра Бенкс, облечена во бикини со леопардски принт, беше фотографирана токму на овие места кои подоцна се најдоа на насловните страници. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

Бахамите

rnВодата околу Бахамските Острови е толку бистра што можете да гледате на длабочина до 70 метри. Заради тоа, Бахамите се најпосакувана дестинација за нуркање и пливање. Во 2005 година, Бахамите беа најпосакувана дестинација и за „Sports Illustrated Swimsuit Issue“, па затоа се најдоа на насловната страна, заедно со американскиот модел Каролин Марфи. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

Козумел, Мексико

rnВо далечната 1964 година, на насловната страна на првиот број на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ се појави германката Бабет Марч која, облечена во скромни бели бикини, позираше на островот Козумел, кој се наоѓа источно од мексиканскиот полуостров Јукатан. Тогаш Козумел беше ново и сè уште неоткриено место, а денес неговите гребени се заштитени заради ретките видови на риби кои егзистираат тука. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

Бора Бора

rnБора Бора е синоним за рајски остров со бели песочни плажи и кристална сина вода. Тропскиот амбиент кој е карактеристичен за Бора Бора, во 1986 година придонесе овој остров да се најде на насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“, кога на бескрајните песочни плажи се најде Ел Макферсон. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

Малдиви

rnМалдивите беа одбраната дестинација која се најде на насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ во 1998 година, кога Хајди Клум беше во фокусот на насловната фотографија. Пријатните температури во текот на целата година и недопрената природа ги прават овие корални острови и денес едни од најубавите места на земјата. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

Аруба

rnПалм Бич, Игл Бич и Бејби Бич се најжешките точки на карипскиот остров Аруба, објавени на насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ во 1984 година. Полина Поришкова уште еднаш се фотографираше за ова списание, но овој пат позираше на островот Аруба кој некогаш беше холандска колонија. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

Барбадос

rnНекогашна британска колонија, а денес веќе независна држава, островот Барбадос е идеален за оние кои ги сакаат топлото време, мирната вода и песочните плажи, од кои најпознати се плажите Браунис и Брендонс, лоцирани околу главниот град на Барбадос. Во 2003 година, чешкиот модел Петра Немцова позираше на Барбадос за насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

Сент Џон, Американски Девствени Острови

rnДве третини од островот Сент Џон отпаѓа на националниот парк, што прави овој остров да биде беспрекорен. Плажите се мирни, песочни и се протегаат долж целиот северен брег. Во 2008 година, на овој остров, американскиот модел Мариса Милер беше фотографирана за насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

Бермудите

rnБританската традиција оставила голем печат врз културата на Бермудските Острови. Попладневниот чај и голфот се само дел од многуте атракции кои ги нудат Бермудите. Дел од шармот на овие острови е и ограниченото возење кое се сведува само на велосипеди и скутери. Можеби тоа ја привлече и Даниела Пестова која се фотографираше на Бермудите за насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ од 1995 година. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

Тунис

rnИако северниот дел на Африка е политички доста нестабилен и небезбеден за патување, тимот на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ одлучи во 2001 година мексиканскиот модел Елза Бенитез да биде фотографирана на медитеранското крајбрежје во Тунис, за насловната страна на списанието. Тунис е посакувана туристичка дестинација заради посебната мешавина од берберска, арапска, римска и феникиска култура и заради прекрасните крајбрежни плажи. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

Канкун, Мексико

rnМексиканската ривиера на Маите се најде на насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ во 1975 година, кога моделот Шерил Тигс повторно беше одбрана да биде во фокусот на насловната фотографија, овој пат позирајќи на плажите во Канкун. Освен заради рајските плажи, Канкун е привлечен за туристите и заради многубројните спортови на вода, рушевините од храмовите на Маите и луксузните одморалишта. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustrated
rnrn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.