Се ближи денот на вљубените, роденденот на вашата најдобра пријателка, годишнината од бракот на вашите родители, а вие не знаете што да им подарите? Сакате тоа да биде нешто оригинално, уникатно и ваше ремек-дело. Тогаш, погледнете ја оваа интересна идеја. Станува збор за книга-сеф во чија внатрешност се крие слатко изненадување. Следете го упатството и за кратко ќе го имате совршениот подарок за вашите најмили!rnrn
rn
Потребни материјали:
rn
- rn011
- Книга со дебели корици (нека биде некоја стара книга која никогаш не ви се допаѓала)
- Лепило за хартија и четка
- Скалпел и линијар
rn011
rn011
rn
rn
rnrnЧекор 1: Страниците од книгата премачкајте ги со лепилото за хартија и оставете ги да се исушат.rnrn
rnrnЧекор 2: Користете линијар и скалпел за да ја исечете средината на првите неколку страници…rnrn
rnrn…а потоа издлабете ги останатите страници, за во книгата да се формира вдлабнатина.rnrn
rnrnМожете да ја оставите вака или пак да ги премачкате и внатрешните рабови со лепило за да изгледа уредно.rnrnСтавете во сефот интересни ситници, спакувајте го подарокот во декоративна хартија и очекувајте позитивна реакција од вашите најблискиrnrn






