КАФЕ ПАУЗА

Најморбидните случаи со месечари

Најморбидните случаи со месечари

Месечарењето е многу сериозна работа, а токму тоа го докажуваат следниве четири неверојатно морбидни случаи.rn

Жена паднала на пруги

rnВо октомври, 2013 година, на железничката станица Davis Square во Бостон, некоја жена заспала на клупа. Кога се разбудила, била на пругите. Очигледно, месечарејќи, станала од клупата и се фрлила на пругите. За среќа, била спасена од страна на околните пешаци и поминала само со минорни повреди, бидејќи во тој момент не поминувале возови.rnrnНајморбидните случаи со месечари rn

Кошмари со истрели од пиштол

rnНа 30 јули, 2013 година еден маж од Њу Хемпшир, САД, се разбудил од кошмар со истрели од пиштол. Кога погледнал надолу, видел дека држи пиштол во раката и дека има рана од куршум пукнат во неговото колено. Во некој дел од ноќта, тој го зграпчил пиштолот и се пукнал самиот себе.rnrnНајморбидните случаи со месечари rn

Сексомнија

rnЕдна среќно мажена жена, честопати месечарела на јавни места и заведувала мажи за секс. Една вечер, нејзиниот маж се разбудил и видел тотален странец во неговиот брачен кревет, како спие до неговата сопруга. Откако се обратиле на помош кај брачен психијатар, терапевтот решил да направи истражувања во сон, за да ја дознае вистината. Звучи неверојатно, но резултатите откриле дека жената патела од сексомнија, состојба во која лицето се впушта во сексуални активности, додека спие.rnrnНајморбидните случаи со месечари rn

Здивување

rnВо 1987 година Кен Паркс извозел до куќата на неговите свекор и свекрва, додека спиел. Го задушил неговиот свекор, а потоа ја избодел неговата свекрва до смрт. После убиствата, додека се возел назад накај дома, се разбудил и видел дека е прекриен со крв, па отишол в полиција. Бил на судење и бил прогласен за невин.rnrnНајморбидните случаи со месечари rnrnВо последниве години, се регистрирани над 68 убиства при месечарење ширум светот.rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.