КАФЕ ПАУЗА

Најдобрите филмски бакнежи на сите времиња

Најдобрите филмски бакнежи на сите времиња

Најдобар начин да се стоплите во ладните зимски ноќи, е да си направете топло кафе, да се стуткате во вашето ќебенце и да си пуштите романтичен филм кој само ќе придонесе за потполно да се опуштите во прекрасната зимска идила. Потсетете се на филмските сцени со страсни бакнежи кои ќе ви го одземат здивот и ќе ве натераат да ги гледате по кој знае кој пат.rn

Casablanca (1942) – Казабланка

rnБакнежот помеѓу Ингрид Бергман и Хамфри Богарт, ќе ве потсети на романтичната филмска сцена која е една од најгледаните и најпознатите на сите времиња.rnrnНајдобрите филмски бакнежи на сите времињаrn

Breakfast at Tiffany’s (1961) – Појадок кај Тифани

rnРомантичните сцени помеѓу преслатката Одри Хепберн и Џорџ Пепард, се класично четиво за сите љубители на романтичниот филм.rnrnНајдобрите филмски бакнежи на сите времињаrn

Pretty Woman (1990) – Убава жена

rnКој може да им одолее на прекрасните Џулија Робертс и Ричард Гир во неповторливиот романтичен филм „Убава жена“?rnrnНајдобрите филмски бакнежи на сите времињаrn

Four weddings and one funeral (1994) – Четири свадби и еден погреб

rnРомантичната комедија кога Хју Грант ја открива својата љубов Енди Мекдауел, е задолжителен филмски избор кој истовремено ќе ве разнежни и насмее.rnrnНајдобрите филмски бакнежи на сите времињаrn

Romeo + Juliet (1996) – Ромео + Јулија

rnГледањето на класичната Шекспирова драма преработена во модерни услови и истовремено зачинета со страсните бакнежи помеѓу Леонардо Дикаприо и Клер Денс, ни малку нема да ве остави рамнодушни.rnrnНајдобрите филмски бакнежи на сите времињаrn

Titanic (1997) – Титаник

rnШармантниот убавец Леонардо Дикаприо и овој пат нè остава без здив во прекрасните романтични филмски сцени со неговата партнерка Кејт Винслет.rnrnНајдобрите филмски бакнежи на сите времињаrn

Moulin Rouge! (2001) – Мулен Руж!

rnДоколку сте обожаватели на филмските мјузикли, а сакате тие да бидат и романтични, „Мулен Руж!“ е вистинскиот избор за вас, каде ќе ги видите страсните бакнежи помеѓу Никол Кидман и Иjан Мекгрегор.rnrnНајдобрите филмски бакнежи на сите времињаrn

Spiderman (2002) – Спајдермен

rnСпајдермен е филм кој не спаѓа во категоријата на романтични филмови, но токму овде ќе го видите најкреативниот бакнеж на сите времиња.rnrnНајдобрите филмски бакнежи на сите времињаrn

The Notebook (2004) – Бележникот

rnИако овој филм завршува тажно, сепак големата љубов која ја откриваат главните актери и незаборавните споделени бакнежи, се доволни за да придонесат овој филм да биде ваш романтичен избор за викендов.rnrnНајдобрите филмски бакнежи на сите времињаrn

Twilight (2008) – Самрак

rnЗа сите тинејџери кои се вљубеници во фантазијата и надреалното, „Самрак“ е одличен избор, кој воодушевува со филмските бакнежи помеѓу Кристен Стујард и вампирот Роберт Патинсон.rnrnНајдобрите филмски бакнежи на сите времињаrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.