Неодамна ИКЕА направи колекција од покуќнина за мачки, но нивната конкуренција од Јапонија не остана зад нив. Компанијата Okawa Kagu создала покуќнина за мачки со висок квалитет која е одличен начин да го разгалите вашето милениче.rnrn
rnrnЦелта на проектот е да се промовира Фукуока, област во Јапонија каде што професионалците специјализираат во традиционални изработки од дрво, стакло, покуќнина и прибор за јадење. Местото е дом на 150 фабрики за покуќнина и е центар на јапонската индустрија.rnrn
rnrnПокуќнината на Okawa Kagu е намалена реплика на вистинска покуќнина, па дури ќе биде изложена и во центарот за информации за туризам и ентериер. Цените на мебелот не се објавени, но можете да ја контактирате фирмата доколку ве интересира некое парче. Се разбира, немојте да ги фрлате кутиите ако порачате нешто, бидејќи веќе сигурно знаете дека мачките најмногу уживаат во нив.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
Минијатурна покуќнина за мачки од Јапонија
