Некој на Редит им предложил на корисниците да опишат како би изгледал нивниот личен пекол. Никој не спомнал ѓаволи, вили и огнени базени, но сепак не би сакале да се најдеме во ниедна од овие 10 ситуации.rnrn
rnrn1. Да стојам во пустина на 40 степени и да гледам како кондензирани капки се слеваат од мраз студено шише со вода кое не можам да го дофатам.rnrn2. Чекање во ред кој нема крај. Никој нема ставено дезодоранс и сите пушат.rnrn3. Да имам парче од пуканка заглавена меѓу забите пред да бидат измислени конците за заби.rnrn4. Да ми е вечно затната едната ноздра. Штом успеам да ја одзатнам, автоматски веднаш се затнува другата.rnrn5. Се наоѓам во соба со неодоливи кученца, но моите раце се направени од чоколадо, па ако се обидам да ги погалам, тие ќе умрат.rnrn
rnrn6. Да бидам присилен да слушам две парчиња стиропор кои бескрајно се стружат едно од друго.rnrn7. Да мислиш дека лапнуваш голем залак пудинг од ванила, но всушност е мајонез.rnrn8. Да бидам затворен во затворен простор кој е доволно мал таман за да не можам да се исправам на нозе.rnrn9. Затворен сум во ресторан полн со разврескани, расплакани, разлигавени деца, а нивните родители се сосема незаинтересирани.rnrn10. Вечно да одам зад најбавната група туристи на планетата без можност да ги заобиколам.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.