КАФЕ ПАУЗА

Која е најучтивата држава во светот?

Која е најучтивата држава во светот?

Најпрво важно е да се открие што всушност значи учтивостa. Дали најучтивата држава е најдобра и најгостопримлива, или пак нејзината учтивост зависи од комплициран систем на етикети и манири што луѓето кои живеат таму и кои ја посетуваат треба да ги следат?rnrnКоја е најучтивата држава во светот?rnrnИзгледа дека критериумите за учтивост би биле различни за сите. Додека вам би ви изгледало неучтиво доколку некој плука на улица, во некои култури никој нема ни да го забележи тоа. Можеби сметате дека кога ќе влезете во продавница и кога продавачот ќе ви обрне внимание е учтив, но тоа не значи дека доколку ве остави сами е неучтив.rnrnЗа среќа, постојат неколку извори кои ги рангираат државите според учтивост во зависност од разни критериуми и анкети. Иако нема победник кој постојано се наоѓа на врвот, барем можеме да сфатиме што значи „учтивоста“. На пример, анкетата HSBC во која учествувале иселеници се фокусирала на квалитетот на животот и економијата во новите држави на иселениците. Предвид се земале факторите како тоа колку е лесно да се најдат пријатели во државата, колку добредојдено се чувствуваат на работното место и колку лесно се адаптирале на новата култура. Во оваа анкета првите три места им припаѓале на Нов Зеланд, Ирска и Австралија.rnrnАнкетата од Светскиот економски форум од 2013-та година била фокусирана на најдобрите места за туристи и се покажало дека најпријателската земја за посетување е Исланд. Нов Зеланд била и на оваа листа, овој пат на второто место, а третото место му припаѓало на Мароко.rnrnМожеби ова не е точна мерка за учтивост, но однесувањето на локалните жители кон посетителите не треба да се изостави. Канада добила „најдобра репутација“ во овој случај.rnrnТреба да се разјасни дека рангирањето според репутација не е поврзано само со манирите и однесувањето, потребно е да се земат предвид и економијата и политиката во една држава. Значи, нема дефинитивен победник во категоријата најучтива држава, но барем знаеме кои држави се истакнуваат за разлика од другите.rnrnДали знаете во која држава е најопасно да се биде жена?